Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Оштетени штедачи: Трифун Костовски ја замајува јавноста со месеци дека ќе ги објави доказите за организираниот криминал

17 јун. 2021 г.·5 мин читање·1960 прегледи

Следете не на Viber

Здружението на Оштетени штедачи од Еуростандард банка со реакција по повод изјавата на Трифун Костовски, која во целост Ви ја пренесуваме..

Во отсуство на реакција на институциите чија примарна причина за нивното постоење е да го заштитат обичниот граѓанин од нечесни дејствија на нечесни луѓе, се јави со реакција оној кој по се изгледа е најпогоден од нашите последни соопштенија.

За нас, несомнено најголемиот дел од вината за сторениот КРИМИНАЛ врз нас ја сноси Трифун Костовски заедно со неговата банда криминалци и поданици кои тој многу добро ги знае. Впрочем, еден од нив е неговиот син Коста Костовски, долгогодишен претседател на кредитниот одбор во ограбената Еуростандард банка и Николче Петкоски, долгогодишен претседател на управниот одбор на банката, чии потписи за одобрување се наоѓаат на сите спорни и сомнителни кредити. Од друга страна е и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која со својот прв тим од Народна банка со години им прогледувала низ прсти и свесно им дозволила на овие бандити да направат масовен грабеж на нашите тешко спечалени лични парични средства.

За каков тоа углед зборува Трифун Костовски? За да човек има углед, во основа треба да е чесен и да има морални вредности, кои овој човек не ги поседува. Да ги имаше тие вредности, ќе ги вратеше украдените наши пари од банката, коишто тој заедно со неговите бандити ги покрале преку пласирање на ненаплатливи кредити и позајмици во разгранета криминална мрежа на одбрани фирми клиенти во банката.

Велат нападот е најдобра одбрана. Трифун Костовски мислејќи дека веќе има моќ на премиер, за која позиција во изминатиов период најави дека ќе се бори, вчера всушност покажа каков премиер би бил тој. Покажа дека на секое несогласување со некоја група граѓани ќе се заканува со тужби за клевета. И ова можеби како стратегија би му поминало кај некои граѓани, но кај нас еве јавно изјавуваме дека нема да му помине.

Здружението „Правда за штедачи” стои зад сите свои соопштенија и за фактите за КРИМИНАЛОТ поседува докази коишто веќе се предадени на институциите. Дел од нив и ги објавуваме во нашите соопштенија. Впрочем, освен кривичната пријава од Народна банка поднесена по службена должност, за Трифун Костовски и неговата банда има поднесено и повеќе други кривични пријави за злоупотреби на службена должност и овластување, перење пари и други приноси од казниво дело, и други кривични дела.

Ние ја објавуваме вистината преку факти, а Трифун Костовски ја замајува јавноста со месеци со неговите театрални јавни најави дека ќе ги објави доказите за организираниот криминал и конкретно дестинациите каде завршиле нашите покрадени пари. Се прашуваме, дали Трифун Костовски несака и неможе да се отслика себеси и неговите бандити во таквите негови најави за објава во јавност.

Во изминатите неколку месеци, во повеќе наврати тој јавно го призна неговото учество во организираниот криминал. Не така одамна, тоа го направи во случајот со криминалната докапитализација на Еуростандард банка направена во 2019 година, за која јавно призна дека свесно сторил кривично дело со давање на залог депозити од банката за подигнатиот кредит за докапитализација од Комерцијална банка, којшто веќе го нема. И дека сето тоа било направено во присуство на високи претставници на Народна банка, кои го дозволиле и поддржале ваквиот криминален чин, како сосема нормална појава на делување на Народна банка.

Но, за жал, заради пасивноста и неделувањето на институциите и Владата, еве дочекавме да покрај грабежот направен над нас, да бидеме и предмет на закана од несомнено еден од најголемите финансиски измамници која оваа држава го има видено.

Воедно, сакаме да дадеме до знаење дека сме подготвени да се соочиме со сите предизвици што ќе произлезат од оваа борба, бидејќи цврсто знаеме и веруваме дека правото и правдината се на наша страна.

На институциите и на Владата воедно им апелираме што поскоро да го спречат ова омаловажување на правниот поредок и законите во државата каде криминалци зад кои стои КРИМИНАЛ тежок речиси 60 милиони евра, и после десет месеци шетаат слободно и ги трошат нашите украдени пари.

Единствен начин да институциите во државата конечно им се спротистават на  криминалците од поранешната Еуростандард банка и да ја исправат неправдата која институциите на чело со Народна банка им ја нанесоа на 3.000 семејства, е носење на новото законско решение коешто го подготвува Владата. Имено, по укинувањето на неуставниот член 163 став 3 од Законот за банки, се отвора пат за целосно обештетување на оштетените штедачи преку стечајната постапка, на начин што, во услови на светска пандемија и тешка економска криза, Фондот за осигурување на депозити да биде по редослед за наплата по депонентите – физички и правни лица. На тој начин ќе се покаже цврста волја да се застане во заштита на граѓаните и фирмите, а криминалците да одговараат за сторените кривични дела, нешто што го очекуваме од нашите институции, се вели во соопштението на Оштетените штедачи на Еуростандард банка.

Клучни зборови

  • Здружение на оштетени штедачи од Еуростандард банка
  • трифун костовски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk