Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Отворена целосно модернизираната и дигитализирана експозитура на Комерцијална банка во Буњаковец

18 апр. 2022 г.·3 мин читање·1334 прегледи

Следете не на Viber

Комерцијална банка ја отвори повторно експозитурата во Буњаковец сега модернизирана и дигитализирана, во која покрај редовно шалтерско работење сега банката нуди и 24/7 дигитални финансиски услуги.

„Дигиталниот дел е опремен со банкомат за уплата и подигање готовина и со дигитален киоск, кој е современо решение за плаќање сметки за јавни услуги (ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел) без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка. На дигиталниот киоск може да испечатите и извод од трансакциска сметка на физичко лице за која имате претплата на Интернет банка. Влезот во дигиталната зона 24/7 е овозможен со сите банкарски картички”, информираат од банката.

Шалтерите во експозитурата се отворени од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот, а ги обезбедуваат следниве услуги:

  • отворање трансакциска сметка во денари или во девизи
  • плаќање во земјата и во странство
  • брз трансфер на пари
  • менувачко работење
  • богатата понуда на кредитни производи и штедни влогови
  • купување удели во инвестициски фондови
  • купување осигурителни полиси
  • стручни совети и обука за користење на електронска банка и мобилно банкарство за физички и правни лица

„Експозитурата на Комерцијална банка во Буњаковец е модерно решение, кое на брз и ефикасен начин ќе ги задоволи вашите потреби, без оглед дали се однесуваат на вашите лични финансии или на вашиот бизнис”, истакнуваат од Комерцијална.

Клучни зборови

  • експозитура
  • комерцијална банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk