Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Кариера

Оглас за вработување на Стопанска банка АД Скопје во Сектор за внатрешна ревизија

4 дек. 2019 г.·2 мин читање·339 прегледи

Следете не на Viber

Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален меѓународен тим на Внатрешна ревизија, кој во соработка со Одборот за ревизија, Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува постоење на, и усогласеност со, системот на интерни контроли и ефикасни оперативни практики.

Интерен Ревизор за позицијата Ревизор/Супервизор

Значајни должности:

  • Извршување на сите фази на ревизорскиот процес, во соработка со Менаџерот на ревизијата.
  • Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива и корпоративните политики и процедури.
  • Подготвување и презентација на ревизорски извештаи до Менаџерот на ревизијата и Менаџерот на ревидираниот процес/функција, и обезбедување на периодичен мониторинг на спроведувањето на плановите на менаџментот за корективни акции.

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома во релевантна област (Сметководство и Ревизија, Финансии или еквивалентна област).
  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство во областите на внатрешна, надворешна ревизија и/или сметководство и финансии; искуство во внатрешна ревизија ќе се смета како предност.
  • Професионална квалификација (или значително комплетирана квалификација) ќе се смета како значајна предност (Овластен ревизор, CIA, ACCA или еквивалентно).
  • Познавање и значително искуство во спроведување на Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешната ревизија и Меѓународните стандарди за финансиско известување, ќе се сметаат како значајна предност.
  • Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи.
  • Кандидатот треба да биде способен/на да работи независно и самостојно, со органичена супервизија.
  • Значајни аналитички и презентациони способности и способност за писмено известување.
  • Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.

Стопанска банка АД – Скопје нуди атрактивен компензационен пакет и можности за континуиран професионален развој кои ја рефлектираат нејзината улога на водечка финансиска институција.

Работната позиција и месечниот надомест ќе бидат утврдени согласно искуството и квалификациите на кандидатот.

Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, Ве молиме аплицирајте со поднесување на Вашето CV и Писмо за интерес на англиски и македонски јазик, електронски на: human.resources@stb.com.mk

Пријавувањето можете да го извршите најдоцна до 16 декември 2019.

Единствено квалификуваните кандидати во потесен избор ќе бидат понатаму контактирани.

Клучни зборови

  • вработување
  • јавен оглас
  • кариера
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk