Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Нова стратегија на ЕБОР: Половина од инвестициите насочени кон „зелената транзиција“

27 јан. 2020 г.·2 мин читање·42 прегледи

Следете не на Viber

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека минатата година инвестирала 4,6 милијарди евра во проекти за транзиција во „зелена“ економија, што е скоро половина од вкупниот износ и најголема сума откако ја започна програмата во 2015 година.

Во 2015 година, за време на склучувањето на Парискиот договор за климатските промени, ЕБОР објави дека до 2020 година ќе го зголеми својот удел на инвестиции во проекти за „зелена транзиција“ од 25% на 40% на годишно ниво. Во 2019 година, нивното учество достигна 46% од вкупно вложените 10,1 милијарди евра, објави ЕБОР кон крајот на минатата недела.

Вкупниот износ на „зелени“ инвестиции и нивното учество во вкупните инвестиции е најголем откако ЕБОР започна програма за поддршка на земјите кои преминуваат кон ниска емисија на јаглероден диоксид. Банката досега има склучено договори за инвестирање во повеќе од 1.900 „зелени“ проекти во вредност од вкупно 34 милијарди евра, што треба да ги намали емисиите на јаглерод за 102 милиони тони на годишно ниво.

Минатата година, тие финансираа 2,2 гигават нови капацитети за производство на обновлива енергија, се вели во соопштението на ЕБОР. „Зелените“ инвестиции се скоро двојно зголемени во регионот на ЦИЕ земјите и скоро тројно во Југоисточна Европа.

Тие во моментов подготвуваат нова петгодишна стратегија којашто ќе ја презентираат пред акционерите на Годишниот генерален состанок на ЕБОР.

Како дел од подготовките, тие одлучија да го зголемат финансирањето за проекти и најавуваат нова „зелена стратегија“ со поамбициозни климатски цели за петгодишниот период од 2020 година.

Извор: Bankar.rs

Клучни зборови

  • Европска банка за обнова и развој ЕБОР
  • климатски промени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk