Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НЛБ го збогатува електронското банкарство со нови функционалности

4 јун. 2021 г.·2 мин читање·2166 прегледи

Следете не на Viber

НЛБ Банка воведе можност за аплицирање за Клик кредитот преку НЛБ Клик – електронското банкарство. Досега клиентите имаа можност да аплицираат за Клик кредитот единствено прекуНЛБ мКлик – мобилното банкарство, а отсега, во насока на поголема достапност на услугите, за сите клиенти на Банката, ќе биде достапен и преку НЛБ Клик – електронското банкарство.

Имено, опцијата за аплицирање за Кликкредитите е достапна преку НЛБ Клик – електронското банкарство за клиентите кои имаат привилегија за електронско потпишување со мТокен (софтверски уред) или Токен (хардверскиот ОТПуред).

Услов за користење на кредит е клиентите да се приматели на плата или пензија во НЛБ Банка. Целиот процес е дигитализиран и автоматизиран, без потреба од посета на експозитура и дополнителна документација.  По одобрувањето на барањето за кредит, средствата од кредитот се исплаќаат веднаш, директно на трансакциската сметка на клиентите.

Исто така, покрај овој новитет, електронското банкарство се проширува и со други функционалности. Отсега клиентите ќе можат да извршат електронско ажурирање на личните податоци и преку електронското банкарство, услуга која досега беше достапна само преку мобилното банкарство и веб страницата на Банката.

Од Банката велат дека дигитализацијата и во иднина ќе продолжи да биде една од нивните стратешки определби и во таа насока и понатаму ќе продолжат да работат на поголема достапност, поедноставување на банкарските услуги и софистицирано корисничко искуство скроено според потребите и барањата на клиентите.

Повеќе информации за мКлик кредитот се достапни на линкот

Клучни зборови

  • електронското банкарство
  • Клик кредит
  • нлб банка
  • НЛБ банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk