Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НЛБ Банка со нова кредитна линија за стимулирање и развој на домашните компании

30 авг. 2022 г.·2 мин читање·829 прегледи

Следете не на Viber

НЛБ Банка Скопје во соработка со Развојната Банка на Република Македонија (РБСМ) воведува нов кредитeн продукт за правни лица со субвенционирана каматна стапка. Станува збор за кредитен продукт на износ до 30.000.000 денари, со субвенционирана фиксна годишна каматна стапка до 4% и рок на отплата до 12 месеци. За него ќе можат да аплицираат домашните компании кои оствариле добивка во 2021 и се одлучиле истата да ја реинвестираат.

На овој начин Банката ја дава својата поддршка на македонските компании за нивна поголема ликвидност, а со тоа и на целата домашна економија, бидејќи ги стимулира бизнисите, својата остварена добивка во 2021 година да ја реинвестираат во нова технологија или човечки капитал. На тој начин компаниите добиваат можност на долг рок да ја зголемат додадената вредност на своите производи и услуги, да ја подобрат својата конкурентност и да станат поотпорни на макроекономските шокови.

НЛБ, како Банка која се грижи за своите клиенти и ликвидноста на домашните компaнии, со новата кредитната понуда и соработката со Развојната Банка на РСМ, дава значаен придонес за креирање на позитивна економска клима во државата.

Повеќе информации за овој кредитен продукт на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на следниот линк https://bit.ly/3zZBnuq или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Клучни зборови

  • домашни компании
  • кредитен продукт
  • нлб банка
  • Развојна банка на Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk