Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НЛБ Банка Скопје потпиша Договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд со Развојна Банка на Македонија

25 ное. 2021 г.·2 мин читање·1437 прегледи

Следете не на Viber

Со цел да придонесе кон зголемување на понудата на поволни кредити за основни и обртни средства преку користењето на поволностите на Гарантниот фонд од Развојната Банка на Република Македонија (РБСМ), НЛБ Банка Скопје потпиша Договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд со РБСМ. Со ова НЛБ Банка Скопје се вклучува во државната гарантна шема за поддршка на развојот на домашните компании, преку гарантирање на дел од колатералот по одобрените кредити.

Кредитите ставени под портфолио гаранција се наменети за основни или обртни средства за микро, мали и средни трговци во доминантна приватна сопственост и истите можат да бидат со максимален износ до 30.750.000 денари. Рокот на отплата на кредитите под гаранција може да биде од една до максимум осум години (за основни средства) и до три години (за обртни средства) со можност за вклучен грејс период до една година. Гаранцијата за кредити за основни средства може да биде до 50% од износот на главницата на кредитот, додека гаранцијата за кредити за обртни средства може да биде до 80% од износот на главницата на кредитот.

Инаку, Гарантната шема е дел од економските сетови на мерки донесени од страна на Владата на Република Македонија заради справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата, и е дел од Планот за забрзан економски раст на Владата.

Клучни зборови

  • гарантна шема
  • кредити
  • нлб банка
  • НЛБ банка АД Скопје
  • поволни кредити
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk