НЛБ Банка известува за работно време на експозитурите за време на Божиќните празници
Пари1 мин читање

НЛБ Банка ги информира своите ценети клиенти дека по повод Божиќните празници, експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје нема да работат во следниот период:
- 6.1.2022 година (четврток)- Бадник
- 7.1.2022 година (петок) – Божиќ
За извршување на сите банкарски услуги на располагање ви стојат електронското и мобилното банкарство за физички и правни лица, мрежата на банкомати на НЛБ Банка, посочуваат од банката.
Воедно НЛБ Банка Ви ги честита Божиќните празници и Ви посакува успешна и среќна година.