Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НЛБ Банка воведува Зелени кредити за проекти кои штедат енергија и ја заштитуваат животната средина

23 мај 2022 г.·2 мин читање·1379 прегледи

Следете не на Viber

НЛБ Банка Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува наменски кредити за енергетска ефикасност, односно Зелена кредитна линија составена од два продукта во вкупна вредност од два (2) милиони евра од Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF), и тоа: Зелен потрошувачки кредит на износ до 25.000 евра и Зелен хипотекарен кредит на износ до 50.000 евра.

Станува збор за кредити за поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, кои ќе им помогнат на клиентите-физички лица да инвестираат во енергетски ефикасни технологии со цел да ги намалат трошоците за електрична енергија, греење и ладење при изведба или реновирање на објекти.

Како енергетски ефикасни технологии кои се прифатливи за кредитирање од оваа кредитна линија се сметаат инвестирања во топлинска изолација, топлински пумпи, енергетски ефикасни котли и печки за затоплување, клима уреди, како и сончеви колектори за топла вода, соларни фотоволтаични системи и бојлери и замена на прозорци и врати.

Дополнително, преку овие кредитни продукти, кредитокорисникот има можност за поврат на грант до 20% од направената инвестиција кој е финансиран од Европската Унија.

Како општествено одговорна компанија, НЛБ Банка е фокусирана на поддршка на еколошки одржлива економска активност, особено активност која го поддржува намалувањето на трошоците на своите клиенти, на проекти поврзани со обновливи извори на енергија, постигнување на заштеди на енергија и заштита на животната средина, што во целост кореспондира со политиката на Банката за одговорно кредитирање и одржливост.

Инаку, ова е втора кредитна линија на НЛБ Банка за Зелени кредити во соработка со ЕБОР. Во рамките на првата линија беа пласирани три (3) милиони евра до крајни корисници – физички лица. Досега на клиентите им се исплатени финансиски стимулации над 460 илјади евра за успешно завршени проекти, кои и натаму се исплаќаат.

Сите дополнителни информации во врска со овие кредитни продукти клиентите можат да ги добијат на интернет страницата на Банката, на телефон 02/15600 или во најблиската експозитура.

Клучни зборови

  • зелени кредити
  • нлб банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk