Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НЛБ БАНКА АПСОЛУТЕН ШАМПИОН НА БАНКАРСКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ! 12 пехари ќе ги красат нивните простории

17 мај 2022 г.·4 мин читање·2071 прегледи

Следете не на Viber
На годинешните спортски игри кои традиционално ги организира СФОМ (Синдикат на финансиски организации на Македонија) што се одржаа минатиот викенд во Охрид, тимот на НЛБ Банка освои дури 12 пехари за шест први, три втори, едно трето место, МВП (MVP- Most valuable player) и титула за севкупен победник. Екипата на НЛБ Банката на Банкарските Спортските Игри ја претставуваа повеќе од 60 колешки и колеги кои се натпреваруваа во шах, серва, тенис, фудбал, пинг-понг, баскет, кошарка, одбојка, пикадо, куглање и стрелаштво.
Освен одличните резултати и огромниот успех, вработените на НЛБ Банка велат дека уште долго ќе се раскажува за позитивната енергија, борбеноста во натпреварувањето, забавата и среќата да се биде заедно и да се победи. „И покрај двегодишната пауза поради пандемијата, покажавме дека не сме ја изгубиле кондицијата и спортскиот дух, таа дури претставуваше дополнителен стимул за да си ги одмериме силите со нашите ривали и да покажеме колку ни недостигале ваквите дружења и спортски натпревари“, велат членовите на спортскиот тим на НЛБ Банка.
Она што уште многу време ќе остане како силен впечаток од изминатиот викенд во Охрид е дека ние сме тим кој знае да се бори со срце и сакаме да се натпреваруваме, не само во бизнисот туку и на терените. Ние сме тим кој ја разбира моќта на тимската игра и другарството“, додаваат тие.
Ова се официјалните резултати од банкарските игри, за НЛБ Банка:
  • Прво место – пикадо жени, прво место во куглање мажи, прво место – стрелаштво мажи, прво место – одбојка жени, прво место – баскет жени, прво место – фудбал мажи,
  • второ место – тенис мажи, второ место – куглање жени, второ место – стрелаштво жени,
  • трето место – пинг-понг жени

За најкорисен играч на банкарските спортски игри ( МВП)беше прогласена Маја Јовевска.

Клучни зборови

  • банкарски спортски игри
  • нлб банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk