Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Младите учат банкарство во Комерцијална банка

16 ное. 2022 г.·2 мин читање·443 прегледи

Следете не на Viber

Еден ден во училиште средношколци од Скопје заменија со работа во Комерцијална банка за да учат банкарско работење. На свое и на задоволство на Банката, вработените во Комерцијална банка на учениците им споделија знаење и можност преку практично искуство да се запознаат со секојдневното банкарско работење и да комуницираат со клиенти.

Со ова Комерцијална банка придонесе успешно да се реализира и вториот настан „Social Day“ во земјава, ден кога младите луѓе заменуваат еден ден на училиште со работа во компанија која тие ја бираат и за што заработуваат дневница, која потоа ја донираат за формирање младински фонд за поддршка на младински проекти. Организатор на настанот е Здружението на граѓани „Младите можат“.

Знаењето, одговорноста, можностите се суштински вредности кои ги негува и се составен дел од работењето на Комерцијална банка, што беше и главна причина за поддршка на настанот „Social Day“, кој реализира проекти создадени од и за младите.

Од Комерцијална банка веруваат дека иако нивниот придонес е мал, сепак е многу значаен за поттикнување на младите да станат вредни и успешни граѓани.

Клучни зборови

  • банкарско работење
  • комерцијална банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk