Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Мицкоски: Владата ги исполни обврските за платите, блокадите имаат политичка заднина

10 фев. 2026 г.·2 мин читање·723 прегледи

Следете не на Viber

Владата ги исполнила своите обврски кон вработените во јавниот сектор преку договорите склучени со синдикатите, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој оцени дека актуелните блокади на ССМ имаат политичка позадина.

„Овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, дека во следните две години и неколку месеци, односно почнувајќи од април 2026 до април 2028, околу единаесет илјади луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителствата ќе добијат околу 40 проценти повисока плата, од таа што денеска ја добиваат“, изјави Мицкоски.

Тој појасни дека со овој договор Владата ги заокружува обврските како најголем работодавач во државата.

„Со ова Владата како најголем работодавач го заокружува својот договор со своите колеги. Практично, на ова му претходеа здравствените работници, па образовните работници, па другите институции и конечно сега со САДУ и со УПОЗ, на тоа ги додадовме и вработените во службите на судовите и обвинителствата, околу единаесет илјади наши колеги. Сето ова кога ќе се заокружи, ние можеме да кажеме дека до крајот на мандатот на оваа Влада, сме ги регулирале нашите обврски и односи со нашите колеги“, рече премиерот.

Во однос на прашањето дали ќе има конечно решение за минималната плата, имајќи ги предвид денешните блокади пред Собранието и најавите за нови протести, Мицкоски наведе дека станува збор за политички мотивирани активности.

„Не, тоа ќе продолжи. Затоа што ова има политичка позадина. Еден од денешните протестанти со мене држеше прес-конференција, видно во егзалтична состојба задоволен од тоа што го постигнал. Но, денеска го гледате блокира со тој другиот којшто се повикува на работнички права, злоупотребува службени возила за приватни цели и уште многу работи допрва, како што имам чувство, ќе бидат сведоци работниците кој ги води, кој ги манипулира во овие политички инструирани процеси“, изјави тој.

Премиерот нагласи дека Владата ја има улогата на фасилитатор во дијалогот меѓу работодавачите и работниците.

„Во бипартитниот дијалог меѓу коморите, односно работодавачите и работниците, ние сме фасилитатор. И рековме ќе го поддржиме секое решение коешто практично тие ќе го договорат. Но, политички инструирани, самонаречени водачи, ние не можеме да поддржуваме“, рече Мицкоски.

Клучни зборови

  • блокада
  • зголемување на платите
  • протести
  • синдикати
  • ССМ
  • Христијан Мицкоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk