Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Министерство за финансии: Со грант од ЕУ набавена современа опрема за Царинската лабораторија

22 јан. 2020 г.·3 мин читање·107 прегледи

Следете не на Viber

Со грант средства од Европската Унија во износ од 372.650 евра преку ИПА фондовите, набавени се софистицирана и модерна опрема и апарати за царинската лабораторија. Денес министерката за финансии Нина Ангеловска, амбасадорот на Европската Унија во земјава Самуел Жбогар и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски ја посетија царинската лабораторија во која е поставена новата опрема.

Набавени се инструменти и помошна опрема, главно хроматографски техники на кои се испитуваат обележувачите во црвената нафта и нафтените деривати, квалитетoт на нафтените деривати и содржината на сулфур, содржината на алкохол во алкохолните пијалаци и содржината на шеќери и масти во прехранбените производи.

Министерката за финансии Ангеловска посочи дека со опремувањето на лабораторијата, Царината ќе може да дава поефикасни услуги при заштитата на здравјето на граѓаните и животната средина, наплатата на давачките во Буџетот и фер конкуренцијата на пазарот. Таа рече дека од храната на чиниите до горивата во резервоарите на возилата, сите тие стоки поминуваат низ царинската лабораторија.

– На пример, досега нафтените деривати се испитувале со класични методи кои траеле подолго, користеле поголеми примероци и не давале комплетен состав. Сега, со набавената софистицирана апаратура, за покусо време, со помала количина на примерок се добива подетален хемиски состав. Голем дел од анализите на нафтените деривати досега се правеле и преку надворешни лаборатории, со аутсорсинг, се распишувале тендери, за што биле потребни дополнителни трошоци и време. Сега тоа нема да биде случај, односно испитувањата ќе се вршат во оваа лабораторија – вели Ангеловска.

Министерката посочи дека освен во опрема во царинската лабораторија, се инвестирало и во човечкиот капитал, односно преку твининг програма вработените се обучувале за новата опрема.

Евроамбасадорот Жбогар истакна дека новата опрема ќе придонесе за сигурноста и безбедноста на производите и здравјето на граѓаните и околината, како и да се превенираат измами, но ќе придонесе и за ефикасна наплата на акцизите и царините.

– Оваа опрема, која е сместена во Институтот за хемија, покажува дека научните работници и јавните институции заедно можат да работат и да придонесуваат за доброто на граѓаните и општеството во целина – рече Жбогар.

Инаку, модернизирањето на царинската лабораторија е предвидено и со Стратешкиот план на Царинската управа 2018-2020.

– Крајна фаза во модернизацијата на царинската лабораторија се активностите насочени кон исполнување на условите за акредитација на царинската лабораторија согласно ИСО 17025:2017, што треба да биде реализирано во текот на 2020 година – рече директорот на Царинската управа, Танасоски.

Досега преку ИПА се склучени договори во износ од 8,8 милиони евра за поддршка на проекти во Царината, односно за јакнење на административните капацитети, софтвери и други проекти во насока на модернизација на Царината и усогласување со европската практика и легислатива.

Клучни зборови

  • Ѓоко Танасоски
  • ИПА
  • министер за финансии
  • Министерство за финансии
  • Нина Ангеловска
  • Самуел Жбогар
  • Царинска управа
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk