Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Лукаревска: Се бориме да го држиме Буџетот во добра кондиција и да им помогнеме на компаниите

17 апр. 2020 г.·3 мин читање·174 прегледи

Следете не на Viber

Бараме можност како поедноставно и пофлексибилно компаниите да ги задржат своите вработени иако имаат пад на приходите. Се бориме да го држиме Буџетот во добра кондиција, но од друга страна и да му помогнеме на стопанството со кое градиме партнерски однос – со коморите, правните, физички лица.

Не очекуваме дека ќе оствариме 100 отсто наплата, ниту дека планот ќе биде 90 проценти остварен. Но, штом имаме континуирани јавувања на даночните обврзници, очекуваме дека и од другата страна постои заложба, од страна на фирмите, и дека заеднички ќе успееме да ја добиеме битката со коронавирусот од економски аспект, рече директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска. Во вечерашното гостување на „Вин – вин“, Лукаревска напомена дека сега, во овој сензитивен период, за добра наплата е многу битно тоа што УЈП не применува присилни методи. Има компании, рече, кои од Управата побарале да им се одложат контролите со образложение дека не можат да издржат.

Инспекциите не одат на терен да вршат проверки иако се знае дека некои бутици или продавници на храна не издаваат фискални сметки што значи и дека данокот не се плаќа. Тоа, посочи Лукаревска, можеби звучи минорно, но во актуелната приказна е значајно зашто од ДДВ-то најмногу се полни Буџетот. -Сакаме да им излеземе во пресрет на компаниите, не сакаме да запленуваме имот. Присилна наплата нема. Буквално никако не постапуваме.

Но, подготвуваме уредба во која сакаме да ги наведеме сите олеснителни околности во делот на присилната наплата. Делуваме и привентивно и партнерски, за да му помогнеме на стопанството, рече Лукаревска, потсетувајќи дека каматата за ненавремено плаќање на даночните долгови е намалена од 0,03 на 0,015 проценти. Според директорката, во однос на реализацијата на наплатата, треба да се почека последниот ден од април. Притоа треба да се има предвид дека повратот е скоро 51 отсто. До крајот на април не можеме да знаеме дали од оптимизам ќе влеземе во песимизам.

Треба да се анализира каде има драстични потфрлања. Треба да се слушнат и предлозите на коморите. Не знам колку во овој период можеме да калкулираме со похрабри одлуки од овие што ги носиме. Генерално, ги користиме скоро истите мерки како на земјите во регионот. По сугестија на коморите, се размислува да се намали периодот на враќање на повратот, но, ќе повторам, најбитниот момент за добра наплата е што УЈП не спроведува присилна наплата, напомена Лукаревска.

Додаде дека со голема сензитивност УЈП отстапува и кон јавните претпријатија. Детално се разговара со сите должници за да се изменаџираат нивните обврски спрема УЈП и притоа да се има еднаков третман како кон приватниот сектор.

Лукаревска истакна и дека иако до 25 април се поднесуваат ДДВ пријавите, повторно ќе се направи одложување за да им се излезе во пресрет и на сметководителите.

Клучни зборови

  • буџет
  • вин-вин
  • ковид19
  • корона
  • лукаревска
  • ујп
  • управа за јавни приходи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk