Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Која банка прокнижи над 10,5 милиони евра добивка за првиот квартал

3 мај 2022 г.·3 мин читање·1193 прегледи

Следете не на Viber

НЛБ Банка АД Скопје за периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година оствари нето добивка во износ од 653.631 илјади МКД, што претставува зголемување за 30,9% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година.

Зголемувањето се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија и зголемен број на корисници на платните сервиси на Банката. Во извештајниот период Банката склучи нов договор со ЕБОР за кредитна линија од програмата за финансирање “Зелена енергија” која е наменета за инвестиции на домаќинствата во енергетската ефикасност.

Нето каматните приходи, заклучно со 31.03.2022 година се повисоки за 4,4% споредено со претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 2,7%, главно поради повисоки каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица, население и останати финансиски институции, додека расходите за камати се пониски за 11,5% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.

Нето приходите од провизии се повисоки за 6,7% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 14,4% како резултат на зголемени приходи од реализирани трансакии на ПОС терминали и картично порамнување, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и странство и повисоки приходи од водење трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 25,9%, главно поради повисоки расходи од картично работење кон меѓународните картични системи и повисоки расходи од услуги во платен промет во земјата и странство.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 195.554 илјади МКД и се намалени во однос на претходната година, главно поради пониски наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 1.243.609 илјади МКД и се повисоки за 3,9% во однос на претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 535.959 илјади МКД и се зголемени за 5,6% при што трошоците за вработени се повисоки за 2,9%, трошоците за амортизација се повисоки за 20,5%, останатите расходи од дејност се повисоки за 4,7% во однос на претходната година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

Клучни зборови

  • добивка
  • нлб банка
  • прв квартал 2022
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk