Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Комерцијална банка произведе 100 MWh електрична енергија со сопствен фотоволтаичен систем

13 јан. 2022 г.·2 мин читање·1799 прегледи

Следете не на Viber

Комерцијална банка произведе 100 MWh електрична енергија со сопствен фотоволтаичен систем, со што за три години спречи емисија на 56 тони CO2 во атмосферата.

,,Со овој „зелен“ проект Банката дава свој значаен придонес во заштитата на животната средина, што претставува императив на гобално ниво и како таков е дел од стратегијата за општествена одговорност на Комерцијална банка”, велат од банката.

Фотоволтаичниот систем за производство на електрична енергија е инсталиран во декември 2018 година на површина од 130 м2 на покривот на деловниот објект на Комерцијална банка во центарот на Скопје. Годишно овој систем произведува 33 MWh електрична енергија и заштедува 18,7 тони CO2, кои би завршиле во атмосферата доколку оваа количина на електрична енергија се произведува од термоцентрала, а дополнително ја штити животната средина и од загадување со ПМ честици, сулфурен-диоксид и чад.

Оваа „зелена“ заштеда е еквивалентна на засадување 480 дрвја годишно, колку што се потребни за да апсорбираат 18,7 тони CO2 од атмосферата.
Банката најавува нови инвестиции во сопствено производство на електрична енергија во најскоро време, со цел да даде уште поголем придонес во справувањето со предизвиците на иднината, меѓу кои спасот на планетата Земја е еден од најголемите и најважните.

Клучни зборови

  • комерцијална банка
  • соларни панели
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk