Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Избори '25

ДИМИТРИЕВСКИ: КУМАНОВО ГО ПРАВИМЕ РЕГИОНАЛЕН ЕКОНОМСКИ ЦЕНТАР НА БАЛКАНОТ

29 сеп. 2025 г.·4 мин читање·286 прегледи

Следете не на Viber

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе биде голем победник на овие локални избори и во Куманово, и во Центар, и во сите 53 општини и Градот Скопје каде што имаме кандидирано советнички листи, порача лидерот на партијата, Максим Димитриевски, на денешната прес конференција, на почетокот на изборната кампања, со која ја бара довербата од своите сограѓани да продолжи да го менува Куманово на подобро.

„ЗНАМ делува со агенда, со план и со концепт. На врвот на нашата агенда се развиени, модерни и самоодржливи општини. На врвот на нашата агенда е просперитетна, подобра и посилна Македонија. Јас сум убеден дека ЗНАМ ќе биде победник на овие избори затоа што ги имаме најдобрите кандидати за градоначалници и советници. Угледни луѓе, ценети во своите средини, кои со нивниот избор ќе дадат нов квалитет во работењето на општините и општинските совети“, рече Димитриевски.

Како актуелен градоначалник на Куманово и кандидат за нов четиригодишен мандат, Димитриевски даде краток отчет за досега сработеното, потенцирајќи дека тој и неговиот тим заедно со граѓаните реализирале над 800 проекти кои придонеле за поквалитетен и подостоинствен живот.

„Јас и мојот тим во изминатите осум години покажавме што значи да се засукаат ракавите и како треба да се води една општина – најголемата општина во Македонија – за доброто на граѓаните. Од темел ја реконструиравме спортската сала, го менуваме ликот на култната Соколана, се дотерува Градскиот парк и Плоштадот Маршал Тито. И, она на што сум посебно горд, не го ветивме, а го реализиравме –  воведовме бесплатен превоз за сите“, рече Димитриевски. И, дополни дека „Куманово заслужува да биде нов регионален центар на Балканот во кој, покрај локалната, ќе се развива и регионалната економија. Ќе се зголемуваат и бројот на работните места во градот, ќе имаме домашни, но и странски инвестиции. Куманово мора да биде нов регионален центар и движечка економска сила не само во Македонија, туку и на овој дел од Балканот. Постојат такви можности и потенцијали и се работи на истото, затоа што се потврдени голем број на инвестиции кои веќе течат во градот. Почнувајќи од Лидл кој досега има инвестирано над 108 милиони евра, потоа други компании како Армос Плус, Дрекслермајер, како и домашни бизнисмени кои реинвестираат во нашиот град“, потенцираше Максим Димитриевски.

На тој начин, според него, ќе се зголемува економската моќ на граѓаните и, истовремено, ќе биде мотивација за младите да останат, да создаваат овде и да ја градат својата иднина.  Тој ги повика кумановци да го поддржат и во следниот мандат, за да им се даде поголема можност на младите и нивно подиректно учество во носење на одлуките за иднината на Куманово.

Димитриевски информираше за дел од проектите што ќе бидат приоритет во неговиот следен четиригодишен мандат на чело на Куманово, кои вклучуваат нови сообраќајни решенија за возачите, пешаците и велосипедистите, три нови градинки, реконструкција на училишта, изградба на паркови.

Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, Димитриевски најави дека ќе води фер и позитивна кампања. Ќе нема негативна кампања, а однапред ги отфрли сите негативни обвинувања кои, вели, не се поткрепени, бидејќи иако во континуитет биле потпишувани декларции за фер кампања, за жал во реалноста не е така. Ние ќе се потрудиме максимално да спроведеме позитивна и демократска кампања вели тој и им порача на своите опоненти да го сторат истото, да биде тоа натпревар со програми, а граѓаните да ја изберат најдобрата.

На крајот, Максим Димитриевски ја најави и Конвенцијата за негова промоција како кандидат за градноачалник и промоција на советничката листа задутре во 19 часот на Градскиот плоштад. Ги повикувам граѓаните на Куманово да излезат на Градскиот плоштад и да не проследат и да ги слушат сите наши идни решенија за нашиот град.  Го правиме тоа онака како што доликува – на Плоштадот во самото срце на Куманово. Затоа што Куманово заслужува да слушне за нашите планови за иднината и да продолжи да се развива.

Клучни зборови

  • ЗНАМ
  • локални избори 2025
  • Максим Димитриевски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk