Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Дигиталните киосци и cash in банкоматите на Комерцијална банка поблиску до клиентите

22 окт. 2022 г.·2 мин читање·2171 прегледи

Следете не на Viber

Дигиталните услуги на Комерцијална банка се секогаш блиску до клиентите и до нивните потреби. И им обезбедуваат брзи, ефикасни и безбедни трансакции без потреба од посета на шалтер.

За овие функционалности и предности на дигиталните банкарски трансакции непосредно да се доближат до клиентите се погрижија вработени од Банката со директни инструкции и помагање на терен. Во повеќе експозитури во Скопје клиентите имаа можност да извршат трансакции на дигитален киоск и на cash in банкомат со помош на вработен од Банката, како и да дознаат дека им нудат голем број бенефити:

  • Плаќање сметки на дигитален киоск за услуги од ЕВН, БЕГ, Телеком, А1 и Телекабел – бесплатно, брзо, во кој било дел од денот и со картичка од која било банка.
  • Бесплатно печатење извод од трансакциска сметка преку дигитален киоск – за физичко лице корисник на Интернет банка на Комерцијална банка.
  • Бесплатна уплата на готовина преку cash in банкомат на сметка во Комерцијална банка – за сите иматели на дебитна или кредитна картичка за физички лица издадена од Банката.
  • Бесплатна уплата на готовина по основ на дневен промет на cash in банкомат во промотивниот период до 31.12.2022 – за правни лица кои поседуваат Visa Business Debit дебитна картичка од Комерцијална банка.

Корисничкото задоволство е наша континуирана грижа. Со оваа иницијатива дигиталните услуги уште повеќе ги доближивме до корисниците затоа што им заштедуваат време и пари и ги прават нивните трансакции брзи и ефикасни.

Клучни зборови

  • Cash in банкомат
  • дигитални услуги
  • комерцијална банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk