Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Германците ги отворија картите: Државата ќе ги спречи кинезите да го преземат Мерцедес

11 јун. 2022 г.·2 мин читање·1872 прегледи

Следете не на Viber

Преземањето на Мерцедес од кинески инвеститори ќе биде спречено доколку е потребно, смета премиерот на Баден-Виртемберг, германската покраина Винфрид Кречман.

Седиштето на производителот на автомобили се наоѓа во Баден-Виртемберг.

“Воопшто не би го дозволиле тоа“, изјави овој политичар и член на Зелените, мислејќи на Законот за надворешна трговија и платен промет.

Доколку странски инвеститор со седиште надвор од ЕУ преземе контрола врз германска компанија, сојузната влада има право на вето под одредени услови.

Силниот удел на два големи кинески инвеститори во сопственоста на Мерцедес веќе предизвика стравувања во минатото.

Речиси една петтина од компанијата со седиште во Штутгарт е веќе во кинески раце.

Кинескиот партнер BAIC е најголемиот поединечен акционер во овој производител на автомобили со удел од 9,98%. Во исто време, кинескиот инвеститор Ли Шуфу држи 9,69 отсто од Мерцедес. Исто така, државниот фонд на Кувајт поседува блок акции со 6,84%.

Шефот на Mercedes-Benz, Ола Калениус, рече дека имаат многу добри и силни односи со кинеските инвеститори и додаде дека Кина е најважниот светски пазар за продажба на автомобилите на Мерцедес.

„Кина порасна повеќе од речиси кој било друг пазар во последниве години“, рече Калениус.

Клучни зборови

  • Мерцедес
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk