Една од заложбите на Отворен Балкан е да се создаде единствен пазар на труд меѓу Македонија, Србија и Албанија. Идејата е граѓаните да се вработуваат во овие земји со идентификациски броеви на Отворен Балкан, без дополнителни административни бариери, но и големите странски инвеститори што ќе доаѓаат да може да користат вработени од повеќе земји, на пример, ако се отвори фабрика во Врање, да може таму на работа да одат и македонски државјани.
Потребата од работна сила е во фокус на економиите на сите земји. Развиените земји немаат рабoтна сила за потешки работи, за мануелни во трудоинтензивните и за занаетчиските работи, но за пополнување на овие нивни работни позиции постои интерес од граѓаните од балканските земји, заради попривлечните плати. Од друга страна, за овие работни позиции се јавува „дупка“ и на Балканот. Секако, тука се и здравстевните работници, кои недостигаат во сите земји. Последица на овие случув…