Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ИСТРАЖУВАЊЕ: Загадувањето од РЕК БИТОЛА предизвикува до шест предвремени смртни случаи само во Новаци

3 мај 2022 г.·3 мин читање·3993 прегледи

Следете не на Viber

Сите податоци и докази покажуваат дека комплексот РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи во Европа, а општина Новаци и Битолскиот Регион го примаат главниот удар, се вели во новата анализа изработена од CEE Bankwatch Network. Анализата покажува дека електраната предизвикува до шест предвремени смртни случаи само во општината Новаци.

Новообјавената анализа „Загадување на воздухот и поврзани здравствени последици во Новаци, Северна Македонија“ подготвена од CEE Bankwatch Network во соработка со Еко-свест уште еднаш ги потврдува претходните наоди дека РЕК Битола е главниот причинител за надминување на граничните вредности за загадување на воздухот во Новаци и околината. Според анализата, направена целосно според независни мерења извршени од Bankwatch, надминувањата на ПМ10 и ПМ2.5 честичките се главно во зимските месеци и потекнуваат од насоката на електраната, рудникот за јаглен и депонијата за пепел. Надминувањата пак на вредностите на сулфур диоксид доминантно потекнуваат од насоката на оџаците на електраната кои испуштаат неколку пати повеќе гасови од дозволеното.

„Собраните измерени податоци ги споредивме со законските граници, но и со тие препорачани од Светската здравствена организација како оптимални за заштита на здравјето. Резултатите покажаа дека скоро и да нема ден во Новаци во кој концентрацијата на некој загадувач не е над нездравите вредности“, изјави Давор Пехчевски, еден од авторите на студијата.

Ваквата концентрација на загадувачи предизвикува сериозни здравствени последици. Само ПМ2.5 честичките во Новаци предизвикуваат до 6 смртни случаи годишно, или пренесено на популација од 100.000 тоа би биле 152 предвремени смртни случаи. Тоа е 50% поголема смртност од аерозагадување отколку во Тузла, друго место со високозагадувачка електрана на јаглен.

И покрај ваквата ситуација, властите и АД ЕСМ и понатаму не преземаат сериозни активности за намалување на загадувањето од РЕК Битола и за заштита на здравјето на жителите од Битолскиот Регион, но и во целата земја.

„Плановите за продолжување на работниот век на ТЕЦ Битола по 2030 година преку отворањето на рудникот Живојно значат и дека битолчани ќе треба да го жртвуваат своето здравје за термоелектраната која работи нелегално и без еколошка дозвола. Ситуацијата во која се ставени битолчани покажува крајна негрижа за човековото здравје.“ потенцираше  Невена Смилевска од Еко-свест.

Целата публикација – Загадување на воздухот и поврзани здравствени последици во Новаци, Северна Македонија може да се преземе на следниот линк: https://bankwatch.org/wp-content/uploads/2022/05/Regular-Zagaduvane-na-vozduhot-i-povrzani-zdravstveni-posleditsi-vo-Novatsi-Severna-Makedonija.pdf

 

Клучни зборови

  • Битола
  • еко-свест
  • загадување на воздухот
  • Општина Новаци
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk