Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ангеловска – Денај: Мерките за сузбивање на сивата економија во Македонија даваат резултати

7 фев. 2020 г.·2 мин читање·88 прегледи

Следете не на Viber

Албанија ги препознава и сака да ги искористи успешните мерки за сузбивање на сивата економија кои ги применуваме. За мерките МојДДВ и МојДДВ #МојаНаграда, но и за мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на плата на вработените, стана збор на официјалната средба помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и министерката за финансии и економија на Албанија Анила Денај.

Министерката за финансии Ангеловска посочи дека најчесто учиме од најдобрите практики на другите земји и дека и ние имаме потенцијал да бидеме пример за најдобри практики на други земји во борбата против сивата економија. Таа истакна и дека Министерството забрзано работи на акциски план и платформа за сузбивање на сивата економија, кои ќе ја адресираат сивата економија, особено во фискалниот дел.

На средбата, на која беа присутни и заменик министерката за финансии на Македонија Ширет Елези и заменик министерката за финансии и економија на Албанија Белинда Икономи, стана збор за соработката помеѓу двете земји и за размена на искуства помеѓу министерствата за унапредување на системите за јавни финансии. Беше истакнато дека преку учење едни од други, ќе се применуваат добри практики во насока на градење подобри системи и економски развој.

Наскоро ќе се потпише и меморандум за соработка помеѓу двете министерствата, со што ќе се официјализира соработката и размената на искуства.

На состанокот стана збор и за процесот на евроинтеграции во Македонија и Албанија и беа разменети соодветни искуства во однос на поглавјата кои се во надлежност на двете министерства. Беше истакнато дека за двете земји членството во ЕУ е приоритет.

Инаку, во трговската размена со Албанија во континуитет бележиме суфицит, но таа значително може да се подобри, бидејќи таа учествува само 1% во структурата од надворешно-трговската размена на земјава.

Клучни зборови

  • Албанија
  • министер за финансии
  • Министерство за финансии
  • Нина Ангеловска
  • сива економија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk