Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска за ХТВ: Очекуваме забавување на растот на нашата економија како последица на војната во Украина

8 мај 2022 г.·2 мин читање·666 прегледи

Следете не на Viber

Македонската економија нема да остане имуна и секако ќе ги почувствува последиците од руско-украинската криза. Очекуваме забавување на економскиот раст, како и забрзување на инфлацијата, посочи во изјава за ХТВ, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Десетиот регионален состанок на гувернерите на централни банки, кој се одржува во Ровињ, Хрватска.

На овогодишниот состанoк темите се економското закрепнување во контекст на конфликтот во Украина и санкциите кон Русија, неизвесноста и финансискиот сектор, инфлацијата и монетарната политика.

Гувернерката истакна дека, слично со останатите земји во регионот, директните трговски и финансиски врски на Република Северна Македонија со Русија и Украина се слаби, како и дека конфликтот ќе влијае на македонската економија преку други канали. Трговијата со овие две земји е помалку од 2% од вкупната трговија. Уделот на странски директни инвестиции од Русија и Украина е исто така многу низок, или 0,5% од вкупните странски директни инвестиции во 2020 година.

Сепак, индиректните влијанија, преку глобалната, но пред се европската економија врз земјите од регионот нема да изостанат. Тие ќе се почуствуваат преку четири главни канали – трговија, цената на примарните производи, затегнувањето на меѓународните финансиски пазари и довербата кај потрошувачите, посочува гувернерката. ММФ прогнозира дека глобалната трговија ќе расте, но поспоро – 5%, цените на примарните производи од почетокот на годинава сеуште имаат нагорен тренд,  каматните стапки на меѓународните финансиски пазари се зголемија, а неизвесноста може да ги забави инвестициите и потрошувачката. Сепак меѓународните финансиски институции тековно очекуваат дека економиите ќе растат, иако со забавена динамика, а инфлацијата од втората половина на годината постепено да се стабилизира.

Гувернерката нагласи дека повторно на потег се монетарната и фискалната политика – монетарната политика во насока на одржување на стабилноста, додека фискалната преку мерки за поддршка да ги ублажи ефектите врз економската активност на краток рок. На среден и долг рок, потребно е спроведување на агендата на структурни реформи, кој е единствен начин да се постигнат долгорочни ефекти.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • гувернер
  • гувернерка
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk