Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ангеловска-Бежоска за „НИН“: Стабилизирањето на инфлациските очекувања е приоритет за централните банки

21 окт. 2022 г.·2 мин читање·482 прегледи

Следете не на Viber

Централните банки и политиките коишто ги водат тие мора да бидат посветени на среднорочната стабилност на цените. Во услови на висока инфлација и инфлациски очекувања, монетарните власти немаат многу простор да им се посветат на другите цели надвор од нивниот основен мандат, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторски текст за угледниот српски неделник „Нин“.

Таа посочува дека поради големата трговска отвореност на земјите од Западен Балкан, глобалните движења на цените имаат силно влијание врз инфлацијата во регионот, којашто во просек достигна 13,5%. Иако производниот јаз во многу економии во регионот и натаму е негативен, инфлациските очекувања се под влијание на долготрајниот пораст на влезните трошоци, цените на храната и на знаците за преносните ефекти врз останатите цени.

„Централните банки ќе мора да управуваат со инфлациските очекувања во сè понеизвесните економски услови, надополнети со геополитичките фактори. Колку подолго има висока инфлација, толку е поголем ризикот во однос на инфлациските очекувања, кредибилитетот на политиките и отворањето на спиралата на платите и цените. Затоа, повеќе од сигурно е дека на глобален план го напуштаме амбиентот на ниски каматни стапки. Големите централни банки коишто ги диктираат условите за глобално финансирање, како ФЕД и ЕЦБ, веќе започнаа со затегнување на монетарната политика, а нивниот пример го следат и другите централни банки. Дел од централните банки во регионот доста агресивно ја затегнуваат монетарната политика, додека друг дел преземаат поумерени чекори. Ова укажува дека настрана од глобалните фактори, спецификите на националните економии ја условуваат поставеноста на монетарната политика. Главниот предизвик е да се избегне премногу проциклична монетарна политика и прекумерни трошоци за реалната економија и на тој начин да се зголемат ризиците за финансиската стабилност. Во оваа неизвесност, еден од најважните столбови на политиката на централните банки е навремената и ефективна комуникација со јавноста“, пишува гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката понатаму посочува дека во овој макроекономски контекст многу е важно да се задржи вниманието кон спроведувањето на структурните реформи, коишто се клучни за подигнување на потенцијалот за раст и зајакнување на отпорноста на економијата. Таа наведува дека голем број од предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот денес се резултат на бавното спроведување на структурните реформи во минатото.

Клучни зборови

  • Ангеловска-Бежоска
  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • гувернерка
  • Народната банка
  • централни банки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk