Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АЗЕСКИ ВО ПОСЕТА НА ДИХК ВО БЕРЛИН

4 ное. 2022 г.·3 мин читање·658 прегледи

Следете не на Viber

Претседателот на СКСМ Бранко Азески и претседателот на Советот за унапредување на индустриското производство и за извоз при Комората, Виктор Мизо, се во дводневна, интензивна бизнис-активност во Германија. Денеска (4.11.2022 г.), во седиштето на Асоцијацијата на германски стопански и индустриски комори (ДИХК), Азески и Мизо ќе имаат средба со раководството на ДИХК. Во текот на денот ќе се реализираат средби и со постојните германски инвеститори во Македонија за продлабочување на соработката, а ќе остварат контакти и со нови потенцијални инвеститори.

ДИХК, формирана пред 150 години, во 1872 година, претставува централна организација која обединува 79 локални стопански и индустриски комори (Industrie- und Handelskammern, IHKs) низ цела Германија.

Седиштето е во Берлин, од каде што успешно координира мрежа на повеќе од 140 стопански комори, делегации и претставништва на германското стопанство во 92 земји во светот:

  • Европа – 36 земји,
  • Азија – 20 земји,
  • Блискиот Исток/Северна Африка – 10 земји,
  • Северна Америка – 7 претставништва,
  • Африка – 7 земји,
  • Јужна и Централна Америка – 21 земја.

ДИХК има своја канцеларија во Брисел повеќе од 60 години (oд 1961 година) за да ги застапува интересите на германските компании. Од 2004 година е лоцирана на едно место, преку европската чадор-организација Eurochambres во „Куќата на европските комори“ во Брисел, со цел зајакнување на соработката со европските партнери.

Главните задачи на коморите се унапредување на надворешната трговија, стручно оспособување, регионален економски развој и општи услуги за своите членки. Членството во Комората е задолжително, што значи дека сите компании регистрирани во Германија, со исклучок на занаетчиите, слободните професии и на фармерите, со закон за стопански комори -IHK-Gesetz од 1956 година се обврзани да се приклучат во Комората. ДИХК има повеќе од три милиони членки, меѓу кои членки се не само големи компании, туку и трговци на мало и угостители.

Синоќа, на маргините на Самитот на ЕУ и Западен Балкан, Азески и Мизо организираа вечера со раководството на КОСТАЛ (светски лидер во производство на мехатроника и на енергетска електроника за премиум автомобилски брендови со 20.000 вработени и со годишен обрт од три милијарди евра). На вечерата присуствуваше и делегација од Владата на РСМ, предводена од премиерот Димитар Ковачевски. На средбата се разговараше за состојбите во постојната инвестиција на КОСТАЛ во Охрид од околу сто милиони евра и за идните планови за проширување и за диверзификација на активностите во Македонија.

Клучни зборови

  • азески
  • Бранко Азески
  • Виктор Мизо
  • Претседателот на СКСМ
  • Советот за унапредување на индустриското производство и за извоз при Коморат
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk