Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисПоткаст

ЗОШТО МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ПЛАШАТ од домашна иновација?

2 јун. 2025 г.·3 мин читање·2040 прегледи

Следете не на Viber

Македонските компании ретко креираат свои производи, најчесто одбираат само да ги имплементираат туѓите решенија. ? Васко Кроневски, директорот на NexSense и дел од Македонија 2025, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“  потенцира дека ова е клучната причина зошто не сме конкурентни на глобално ниво. Како да се охрабрат компаниите да иновираат самите и со тоа да создаваат производи со висока додадена вредност? Но, како и да придонесеме најдобрите студенти да останат во државава? на оваа дилема одговор дава деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски.

„Прашањето по тоа е дали ние викаме дека сега ќе се завртам на пазарот во светот и ќе видам што има за да ви го донесам тоа што веќе го има, или ќе се ангажира компанијата да изнајде нешто ново специфично за да го адресира тој проблем и ако успеа да најде патрен помеѓу таквите проблеми и решенија, да создаде производ и да го адресира пазарот во целост со еден таков производ. Кај нас, најчесто компаниите се вртат помеѓу понудата што веќе е развиена од некого и се појавуваат во форма на систем интегратори да го донесат тоа што постои.

Дали тоа е поевтино или зошто тоа го прават?

Не знам, неверојатно… и од тоа се заработува добро.

Многу сум поборник за тука да се развива софтвер за нашите потреби, бидејќи ќе се задржат младите. Финансирање на проекти што го споменавте прееска многу пати, сметајте дека тие средства ќе водат младите наши да работат истражување тука, наместо да одат надвор. Многу голем дел од најдобрите, наоѓаат или докторски студии или се вработуваат во надворешните универзитети, каде што, дали магистерските, дали докторските студии, се мотивирани со плата. Тие се фултајм вработени како истражувачи, 24 часа.“

Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.

Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.

Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања. 

Клучни зборови

  • NexSense
  • Боро Јакимовски
  • Васко Кроневски
  • каде се парите
  • Македонија 2025
  • ФИНКИ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk