Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен РазвојПоткаст

ЗОШТО МАКЕДОНИЈА НЕМА ЕЛИТЕН ТУРИЗАМ? – Љупчо Јаневски во „Каде се парите?“

17 јун. 2025 г.·2 мин читање·1982 прегледи

Следете не на Viber

Македонија може да понуди многу повеќе од масовниот туризам со ниски приходи. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Љупчо Јаневски, поранешен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, потенцира дека за вистински развој е неопходно да изградиме брендови, хотелски синџири и услуги кои ќе привлечат квалитетни туристи. Што е неопходно за да преминеме од квантитет во квалитет?

„Не може нашата држава да биде најголем туроператор и да договара  пензионери да ни дојадат во јануари, февруари и март. Да, тоа е одлично да ни дојадат, ама каде ни се скапите гости? Тие одат со скапите хотели, со скапата услуга, со скапото брендирање на дестинацијата и со она што треба да го купат во дестинацијата. Тие се некои работи кои што ние треба да ги развиваме во Охрид. Кога е Скопје во прашање, тој е диеметрално различен. Тој работи во текот на 12 месеци бидејќи е бизнис центар. Ние не можеме да го развиваме Охрид со седум линии годишно. Нас ни треба сериозни чекори кон брендирање на дестинацијата, говорам во континуитет. “

Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

Клучни зборови

  • Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот
  • елитен туризам
  • каде се парите
  • Љупчо Јаневски
  • туризам
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk