Акринимот СЕПА донесе толку многу возбуда во земјава, што не е видена од моментот кога Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ. Кога станува збор, пак, за отворање на државата кон ЕУ од финансиски аспект, волку драма не се крена кога се либерализираше Законот за девизно работење, што значеше слобода за македонските граѓани да префрлаат девизи во странство. А, без таa слобода, немаше да ја има ни СЕПА.
Но, ете реалноста е таква каква што е. Деновиве сите се радуваат на СЕПА, и НБРМ и граѓаните и компаниите. Главната причина за оваа радост е што сега можат да праќаат и примаат евра од 41 држава во Европа со многу помали трошоци. Веќе не мораат да плаќаат…