Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Знаењето што се споделува создава идни лидери: Македонија2025 ја продолжува Програмата за менторство и пракси

23 јан. 2026 г.·3 мин читање·2156 прегледи

Следете не на Viber

Македонија2025 повторно ја активира Програмата за менторство и пракси за академската 2025/2026 година, со цел да обезбеди континуирана поддршка за личниот, академскиот и професионалниот развој на младите таленти во земјата.

Програмата е наменета за поврзување на искусни професионалци со над 130 стипендисти и ученици од економски загрозени средини, преку структурирано менторство, кариерно насочување и практична изложеност. Таа се надоврзува на двете клучни образовни иницијативи на Македонија2025 – стипендиската програма „Атанас Близнакоф“ и фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“, кои ги поддржуваат студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и учениците во државните средни училишта низ земјата.

Покрај финансиската поддршка, овие програми ставаат силен акцент на менторството како клучна алатка за градење самодоверба, јасно дефинирање на личните и професионалните цели и подобра подготовка за идните академски и кариерни патеки. Преку директна комуникација со докажани професионалци од различни области стипендистите добиваат насоки и искуства кои не можат да се стекнат преку формалното образование.

Програмата за менторство и пракси за академската 2025/2026 година ќе се спроведува во текот на целата академска година и овозможува флексибилен ангажман, со вкупно до пет (5) часа менторска поддршка по академска година. Менторските активности може да се одвиваат во онлајн, физички или хибриден формат, во зависност од можностите и преференците на учесниците.

Со цел полесно вклучување и подобро запознавање со целите на програмата и функционалностите на платформата MK2025Mentor, Македонија2025 организира и онлајн инфо-сесија која ќе се одржи на 26 јануари 2026 година, со почеток во 16:00 часот (CET), преку Zoom. Регистрираните учесници навремено ќе го добијат линкот за пристап, а на сесијата ќе учествува и главната и извршна директорка на Македонија2025, проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски.

Покрај директното менторство, програмата нуди и други можности за вклучување, како што се кариерни разговори, онлајн предавања и вебинари за стипендистите во различни фази од нивниот академски развој.

Македонија2025 ги охрабрува сите заинтересирани професионалци од земјата и странство да се регистрираат на платформата MK2025Mentor и да се вклучат на начин кој најмногу одговара на нивната експертиза и достапност, придонесувајќи кон развојот на следната генерација млади лидери во земјата.

Секој час посветен на менторство е инвестиција во иднината што сите заедно ја градиме.

За дополнителни информации и прашања, заинтересираните можат да го контактираат тимот на Македонија2025 на scholarships@macedonia2025.com.

Клучни зборови

  • Македонија2025
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk