Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Цената на златото ќе руши рекорди до крајот на 2020

4 авг. 2020 г.·2 мин читање·5734 прегледи

Следете не на Viber

Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато. Ваквиот коментар го објави една од најголемите светски инвестициски банки во светот „Голдман Сакс“.

Како што пишува „Блумберг“, аналитичарите на „Голдман Сакс“ велат дека стравувањата од инфлација во земјата нагло се зголемени. Дебатата се сменила за време на очекуваната одлука на Конгресот за нова рунда фискални стимулации за зајакнување на економијата.

Во тековната година, Федералните резерви (ФЕД) веќе го зголемија своето салдо на 2,8 трилиони долари. „Голдман Сакс“ зборуваше отворено за последиците од ваквите стимулации. Аналитичарите препознаваат и презентираат поширока слика што ја рефлектира инфлацијата.

Банката објави дека цената на златото ќе се искачи на 2.300 долари за унца оваа година, што е значително повеќе од претходно објавениот рекорд – две илјади долари. Во моментов, главното средство за зачувување на имотот веќе порасна на 1.950 американски долари. Паѓањето на реалните каматни стапки во САД може да ја крене цената на златото на рекордно ниво, велат банкарите.

На крајот на јули, доларот падна на двегодишен минимум во однос на еврото. Трендот се засили кога Европската унија објави план за закрепнување на економијата во вредност од 750 милијарди евра.

Во јуни, поранешниот претседател на инвестициската банка Морган Стенли и професорот од универзитетот „Јеил“ Стивен Роуч предвидоа дека доларот ќе изгуби третина од својата вредност во 2021-2022 година.

Клучни зборови

  • Берза
  • вредност
  • злато
  • метал
  • Цена
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk