Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЗК „Пелагонија“ демантира: Судот нема покренато постапка за стечај, обврската кон добавувачот е сервисирана

20 ное. 2024 г.·2 мин читање·755 прегледи

Следете не на Viber

Во  текстот со наслов „ЗК Пелагонија  влегува во стечај“, објавен на порталот „пари.com.mk, на 20.11.2024 година се изнесени невистинити тврдења за факти кои предизвикуваат штета на угледот на акционерското друштво ЗК Пелагонија              Имено, тврдењето дека „ЗК Пелагонија влегува во стечај, е целосно неточен, тенденциозен и остро го демантираме. Судот никогаш не покренал никаква постапка за стечај против акционерското друштво туку бил оформен предмет по добиена пријава, дотолку повеќе што ЗК Пелагонија ја има сервисирано својата обврска кон добавувачот кој го споменувате, а со тоа, нема ниту можност да се поведе стечајна постапка по барање на компанијата „Бетон.

Комбинатот нема земено ниту едно евро кредит, а со тоа, тврдењето дека „ЗК Пелагонија АД е неликвидно е неточно. За тоа говори и фактот што комбинатот продолжува со своето редовно работење и финализирање на есенската сеидба. Во моментов се посеани 6500 ха есенски култури, што во услови на незапаметена суша во последните  години е голем успех за сите вработени и за комбинатот, кој и покрај ниските приноси и финансиски приходи од пролетните култури, успешно ќе ја заврши сеидбата на пченица.

Бараме овој демант да биде објавен и споделен на истите места каде што претходно беше пласиран текстот во рок од 48 часа, јавно да се извините и да ја отстраните/корегирате објавената содржина, со оглед дека се прави непоправлива штета на ЗК Пелагонија со пласираниот текст.

ЗК Пелагонија ја почитува новинарската професија и е секогаш отворена за новинарите и јавноста, и затоа Ве повикуваме согласно новинарските правила да бидеме контактирани како втора страна, со цел да не се прави штета врз нашето реноме со вака пласирани невистини.

Клучни зборови

  • демант
  • ЗК Пелагонија
  • стечајна постапка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk