Загуба од 320.000 евра за “Жито Лукс“, дебел минус од речиси 13 милиони евра за градежната компанија “Бетон“, загуба од околу 240.000 евра за Хотели Метропол- Охрид, се дел од црвените салда што може да се забележат во извештајот за котираните друштва за 2021 година, што го објави Македонската берза.
Сепак, генерално, минатата година донесе подобри резултати за котираните друштва. Овие податоци се очекувани, ако се земат во предвид објавените статистички резултати – раст на БДП за 4 проценти во 2021 година во однос на 2020 година, годишен раст на индустриско производство за 1,4 проценти, како и намалување на стапката на невработеност за 0,7 процентни поени.
За 2021 година на Македонската берза, финансики резултати доставиле 91 котирано друштво и според Извештајот објавен на Берзата, 73 од нив, оствариле добивка. Ваквиот резултат е подобар во однос на 2020 година, кога со добивка, од тие 91 друштва, со добивка биле 65. Вкупната добивка на котираните друштва во 2021 година била 18.222.621.729 денари, односно околу 270 милиони евра. Во 2020 година, добивката на 65-те фирми изнесувала 14.819.802.839 денари, или околу 241 мииони евра. Така, податоците покажуваат дека минатата…