Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Зголемен обем на активности кај давателите на финансиска едукација

25 јан. 2023 г.·3 мин читање·1496 прегледи

Следете не на Viber

Народната банка на Република Северна Македонија во декември 2022 година спроведе Анкета за активностите за финансиска едукација во текот на изминатата година спроведени од страна на регулаторните институции, како и субјекти од приватниот и граѓанскиот сектор кои се вклучени во финансиската едукација.

Според резултатите од Анкетата активностите за финансиска едукација во текот на минатата година се зголемени кај 77% од анкетираните даватели на финансиска едукација. Дополнително, 19% од анкетираните субјекти се изјасниле дека планираат да ги зголемат нивните активности за финансиска едукација на населението. Овие резултатите упатуваат на зголемени напори на сите учесници во финансискиот систем, како и на граѓанските здруженија, за подобрување на финансиската писменост на населението, што е во прилог на успешно спроведување на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија.

Во однос на прашањето на кој начин ја обезбедуваат финансиската едукација на населението, најголем дел од анкетираните субјекти одговорија дека финансиската едукација ја остваруваат најчесто преку објавување едукативни текстови, материјали и видеозаписи на социјалните мрежи (27%) и на интернет (23%), како и преку одржување едукативни предавања со физичко присуство (23%). Помал дел од субјектите упатиле и на одржување на онлајн предавања (15%), како и директна комуникација со клиенти (12%) што е покарактеристично за приватните финансиски субјекти. Ова покажува дека давателите на финансиска едукација се прилагодуваат на потребите и преференциите на различни возрасни групи на населението и следствено користат и современи и класични канали на финансиска едукација, на тој начин обезбедувајќи нејзина поголема достапност.

За натамошно зголемување на финансиската инклузија, учесниците во најголем број се изјаснија дека е потребна поголема финансиска едукација на населението (46%), а потоа и обезбедување поголема транспарентност на финансиските субјекти (23%). Дополнително, според анкетираните, за зајакнување на финансиската инклузија потребна е и заштита на потрошувачите (14%) и дигитализација и воведување на финтек-услуги (13% од одговорите). Овие резултати се во линија со веќе согледаните напори за зголемување на активностите за финансиска едукација во нашата земја. Воедно, Народната банка продолжува со активностите за заштита на потрошувачите, поголема транспарентност на давателите на финансиски услуги и дигитализација, согласно предвиденото во Стратегијата.

 

Клучни зборови

  • Народна Банка на Република Северна Македонија
  • финансиска едукација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk