Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Жените што градат, водат и трансформираат – во фокусот на новата иницијатива на Women in Tech Macedonia

20 фев. 2026 г.·2 мин читање·1381 прегледи

Следете не на Viber

По повод Меѓународниот ден на жената, Women in Tech Macedonia ве поканува да номинирате жена која е инспирација за вас или да ја споделите својата приказна  со фокус на умовите и гласовите што ја обликуваат македонската технолошка сцена трпеливо, упорно, храбро, посветено и со визија.

Зад секој проект, продукт, тим или иновација стои жена со своја приказна. Некои од нив градат кариери чекор по чекор, некои водат тимови и компании, некои допрва ги прават своите први професионални избори, а некои храбро одлучиле да започнат одново и да влезат во технологијата од сосема друга насока.

Токму тие приказни  за раст, лидерство, учење, предизвици и нови почетоци се во фокусот на оваа иницијатива. Преку краток прашалник на овој линк, Women in Tech Macedonia ве поканува да се пријавите или да номинирате жени од различни генерации и професионални патеки. Целта не е само да се раскаже успехот, туку и процесот, сомнежите, пресвртувањата, одлуките што барале храброст и моментите што направиле разлика.

Во време кога видливоста значи можност, секоја споделена приказна има потенцијал да стане поттик за некоја девојка што размислува дали има место за неа во технологијата, или за некоја жена што се прашува дали е сега време за нов почеток во кариерата.

Кампањата е отворена за сите што сакаат да ја споделат својата приказна. Истовремено, Women in Tech Macedonia ги охрабрува членовите на заедницата да номинираат жена која ги инспирира како менторка, колешка, лидерка, пријателка. Понекогаш токму другите ја препознаваат силата во нас пред ние самите да ја видиме.

Со оваа иницијатива, организацијата продолжува да ја гради својата мисија: да создаде простор каде жените во технологијата се слушнати, видливи и поврзани.

Следете не на Facebook, Instagram & LinkedIn со повеќе новости и споделени приказни!

Клучни зборови

  • Women in Tech Macedonia
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk