Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

АнализиАналитикаЛичен Развој

Земјоделци сѐ помалку, храна од увоз сѐ повеќе

7 апр. 2025 г.·2 мин читање·6304 прегледи

Следете не на Viber

Нивите обраснати со плевел, а на пазарите и во маркетите увезена храна. Тоа е реалноста со која Македонија се соочува години наназад. Само за една деценија работната сила е преполовена, производството се намалува, а потребите се задоволуваат со увоз, кој минатата година го надмина прагот од една милијарда евра. За тие пари, од 119 земји ширум светот кај нас пристигнале 784.841.000 килограми разно-разни прехранбени производи. Државата не е способна самата да си обезбеди храна. Уште полошо, не презема конкретни мерки да го спречи или да го забави овој погубен тренд за домашното земјоделско производство. Од 2014 до 2024, во просек, годишната потреба за увоз се зголемувала за 10.832 тони. Паралелно со тоа, растат и сумите што се одлеваат во странство. Просечно, за околу 54,95 милиони евра годишно во изминатата деценија. Истовремено, во секторот земјоделство, шумарство и рибарство бројот на активните лица е намален за 51,12 проценти. Податоците на Државниот завод за статистика што ги анализира порталот Пари, се загрижувачки. „Во последната деценија, бројот на ангажираните во земјоделскиот сектор се намалил за повеќе од половина, што е сериозен сигнал за состојбата во оваа стратешка гранка. Намалениот интерес за работа во земјоделството е резултат на неколку клучни фактори, меѓу кои се ниските приходи, несигурниот пласман на производите, недоволната поддршка за малите земјоделци, недостатокот на системски решенија за социјална заштита, негативното влијание на климатските промени, изразениот тренд на иселување. Земјоделството не е атрактивно како дејност за младите и воопшто, за целото население во државата“, вели Билјана Петровска – Митревска, проект менаџер во Национал…

Ексклузивна анализа

Продолжете со читање како член

Test test test test test test test test test test test test

Најави се Зачлени се бесплатно

Заборавена лозинка? · Test test test test test test test test test test test test .

Клучни зборови

  • активни земјоделци
  • анализа 2014 - 2024
  • земјоделство
  • увоз на храна
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk