Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Зелени инвестиции за почиста иднина: ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ склучија договори за соработка

17 дек. 2024 г.·3 мин читање·1189 прегледи

Следете не на Viber

ТТК Банка АД Скопје и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) заедно со Меѓународната организација на миграции (ИОМ) потпишаа договори за соработка во рамките на Заедничката програма на Глобалниот фонд на ОН „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени, поддржана од Joint SDG Fund при Обединетите нации.

Ова е важен чекор кон обезбедување финансиска и техничка поддршка за домаќинства од недоволно опслужени групи, со цел да им се овозможи пристап до одржливи и зелени инвестиции.

Поволната и прилагодена кредитна понуда на ТТК Банка како и техничката помош и грант врз база на успешност од 30% од вредноста на кредитот преку УНДП и ИОМ ќе бидат достапни за домаќинствата од недоволно опслужените целни групи, дефинирани во програмата, како што се: домаќинства каде што главен носител на приходoт е жена; самохрани родители; домаќинства со лица со попреченост; ромски домаќинства; повратници од странство и приматели на дознаки од странство.

Програмата ќе им помогне на овие домаќинства да инвестираат во обновливи извори на енергија и енергетски ефикасни решенија, со што ќе се придонесе, не само за намалување на емисиите на штетни гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, туку и за намалување на животните трошоци и унапредување на животниот стандард на овие категории корисници.

Ова партнерство ја покажува и заложбата на ТТК Банка АД Скопје да ја поддржи заедницата преку иновации во финансиските решенија кои придонесуваат за унапредување на одржливиот развој и зачувување на животната средина.

„Со задоволство ја најавуваме нашата соработка со агенциите на Обединетите нации – УНДП и ИОМ преку програмата „Зелен финансиски инструмент“ (Green Finance Facility). Оваа програма е клучен чекор од нашата стратегија за еколошка и социјална одржливост, со цел да дадеме директен придонес во борбата со климатските промени. ТТК Банка АД Скопје е посветена на поддршка на заедницата преку иновации во финансиските решенија кои промовираат одржлив развој и заштита на животната средина“, изјави Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје – проф. д-р Драгољуб Арсовски.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан ја потенцираше потребата од оваа програма, со оглед на проблемот со загадување на воздухот во земјата. „Решенијата постојат, но транзицијата кон почисти технологии и практики бара значителни инвестиции, а пристапот до финансии е голема  бариера. Токму затоа, Зелениот финансиски инструмент игра клучна улога. Програмата овозможува пристап до финансии и техничка помош за оние на кои им е најпотребно – недоволно опслужените домаќинства од социјални групи како жени, самохрани родители, лица со попреченост, приматели на дознаки, повратници од странство и др. Дополнително на тоа, ова е финансиски механизам во кој се здружени повеќе партнери со иста цел – забрзувањето на зелената транзиција во земјата за постигнувањето на Агендата 2030 и целите на одржливиот развој“ рече Григорјан.

Со потпишувањето на овие договори, ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ покажуваат силна посветеност на зелениот финансиски сектор, кој игра клучна улога во борбата против климатските промени и промоцијата на одржливи и инклузивни економии.

Клучни зборови

  • зелени инвестиции
  • ТТК банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk