Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЗАВРШИ ЕРАТА НА АВИО БИЛЕТ ОД ДЕСЕТ ЕВРА, тврди првиот човек на Рајанер

11 авг. 2022 г.·3 мин читање·1609 прегледи

Следете не на Viber

Нискобуџетниот Ryanair изгради империја со евтини понуди за авиобилети. Меѓутоа, со оглед на инфлацијата и зголемените трошоци за гориво, првиот човек на оваа компанија, Мајкл О‘Лири сега верува дека летањето е премногу евтино – и веќе ги подготвува своите клиенти за повисоки цени. „Нема сомнеж дека на дното на пазарот, нашите навистина евтини специјални планови – билетите од 1 евро или од 0,99 евра, какви што имавме, па дури и билетите од 9,99 евра – нема да бидат достапни во следните неколку години“, изјави првиот човек на Рајанер на Би-Би-Си.

Ирецот О‘Лири, кој со децении рекламираше дека може да го направи летањето уште поевтино (но, во исто време беше еден од првите што почна да наплатува за услуги како резервирано место или чекиран багаж), признава дека неговата авиокомпанија бара и повеќе со оглед на генерално растечкото ниво на цените. Сепак, со оглед на инфлацијата, тој и натаму се држи до евтиниот бизнис модел на летови.

„Веруваме дека луѓето ќе продолжат да летаат често. Но, мислам дека луѓето стануваат многу почувствителни на цените“, изјави О’Лири за Би-Би-Си. Затоа, луѓето се уште повеќе во потрага по евтини опции отколку што веќе се. Сепак, просечната цена на авиокомпанијата ќе се зголеми од околу 40 евра минатата година на околу 50 евра во следните пет години, изјави тој за Би-Би-Си.

Во меѓувреме, Ryanair исто така страда од пресврти и недостаток на персонал по пандемијата на корона. Тој има „многу малку разбирање“ за проблемите на аеродромите, бидејќи тие со месеци однапред ги знаеле плановите за летови. Исто така, на безбедносниот персонал им треба помалку обука од пилотите, на пример. Тој го опиша фактот дека лондонскиот аеродром Хитроу воведе горна граница за бројот на патници дневно како „погрешно управување“.

Генерално, ситуацијата на пазарот на труд во Велика Британија е тешка, рече О’Лири, чија компанија е со седиште во Даблин, Ирска – но нуди стотици рути во и од Велика Британија. Брегзит се покажа како „катастрофа за слободното движење на работниците“, изјави тој за Би-Би-Си – и ја повика владата „да биде искрена и да признае“ дека напуштањето на ЕУ е причина за недостигот на работна сила.

Се цитира дека е неопходно да се поништат „некои од глупавите работи“ кои се последица на Брегзитот и побарал следниот шеф на британската влада да потпише нов договор за слободна трговија со ЕУ, кој ќе го вклучи и слободното движење на работниците.

Клучни зборови

  • Брегзит
  • ковид
  • рајанер
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk