Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

ЗАВРШИ ДВОЈНАТА ВАЛУТНА ЦИРКУЛАЦИЈА, Бугарија целосно премина на евро

2 фев. 2026 г.·2 мин читање·1406 прегледи

Следете не на Viber

Со завршувањето на јануари, Бугарија стави точка на повеќедецениската употреба на својата национална валута. Од 1 февруари, бугарскиот лев замина во историјата, а еврото стана единственото законско средство за плаќање во земјата, со што заврши и едномесечниот преоден период во кој двете валути истовремено циркулираа во прометот.

Отсега, купувањето стоки и плаќањето услуги може да се врши исклучиво во евра, а продавниците, трговските објекти и давателите на услуги веќе немаат обврска да прифаќаат левови. Трговците се должни кусурот да го враќаат само во европската валута, без оглед на тоа со што било извршено плаќањето во претходниот период, со цел да се спречат забуни и можни злоупотреби.

Според податоците на Бугарската народна банка, најголемиот дел од готовината во левови веќе е повлечен од оптек, а до крајот на јануари во циркулација биле пуштени повеќе од шест милијарди евра. Во последните денови пред целосното воведување на еврото, благајните на централната банка, поштите и дел од комерцијалните банки работеа со продолжено работно време за да одговорат на зголемениот интерес за размена.

Иако левот повеќе не важи како средство за плаќање, граѓаните кои сè уште поседуваат банкноти и монети немаат причина за грижа. Комерцијалните банки ќе продолжат да ги менуваат левовите за евра по официјалниот фиксен курс и без провизија до крајот на јуни, а за поголеми износи ќе биде потребно претходно известување. По овој рок, банките ќе можат да воведат надоместоци, но централната банка ќе ја врши размената бесплатно, без временско ограничување.

Паралелно со промената на валутата, институциите воведоа и дополнителни заштитни механизми за потрошувачите. Иако левот веќе не се користи во прометот, цените во продавниците ќе останат двојно прикажани – и во левови и во евра – сè до август 2026 година, со цел граѓаните полесно да се прилагодат и да се избегнат неосновани поскапувања.

Надлежните регулаторни тела најавија засилени контроли во наредниот период и предупредија дека секое непочитување на правилата за конверзија, наплата или прикажување на цените ќе биде санкционирано. Властите уверуваат дека транзицијата кон еврото се одвива мирно и стабилно, иако признаваат дека за дел од граѓаните оваа промена претставува и симболичен крај на една финансиска ера.

(Фото: Unsplash)

Клучни зборови

  • бугарија
  • евро
  • лев
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk