Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Американски бизнисмен затаил дури две милијарди долари данок 

20 окт. 2020 г.·2 мин читање·712 прегледи

Следете не на Viber

Роберт Брокман, директор на софтверската компанија Рејнолдс и Рејнолдс Ко. е моментално вмешан во најголемиот скандал поврзан со затајување данок во САД.

Тој, наводно, скрил дури две милијарди долари од американската даночна администрација во последните 20 години. Оваа неверојатна сума пари ја скри со помош на оф-шор компании регистрирани на Бермуди и островите Сент Китс и Невис.

За овие цели, тој ангажирал професионални посредници и се грижел за „малите“ детали како што е криптираниот систем за е-пошта што го користел за да комуницира со нив, како и за јазикот во шифри.

Но, и покрај претпазливоста во комуникацијата, властите ја открија неговата измама кога деловниот соработник на Брокман, Роберт Смит, имал потреба да зборува. Смит им призна на даночните власти дека учествувал и во прикривање на парите на Брокман на дестинации во странство.

Откако ја призна својата вина, тој беше ослободен од затвор, но тој е должен да плати 139 милиони долари на државата, во износ на даноци и казни.

Од друга страна, Брокман се соочува со обвинение од седум точки, и за затајување данок, за препродажба на долг на компанијата кон себе и за перење пари. Сепак, тој се изјасни за невин пред судот.

Клучни зборови

  • данок
  • затајување
  • измама
  • обвинение
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk