Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Застарени предмети, Буџетот покус за 2 милиони евра, исчезнати податоци – Минстерството за економија под лупата на ДЗР

18 дек. 2025 г.·3 мин читање·953 прегледи

Следете не на Viber

Во државната каса не се уплатени 2.078.000 евра поради несоодветно постапување на Одделението за прекршочна, судска и управна постапка и на Прекршочната комисија кои се во рамките на Министерството за економија и труд. До ноември 2024 година, поради настаната застареност на барањата, Комисијата донела 1.534 решенија за запирање на прекршочните постапки. Дополнително, заклучно со мај годинава, од Државниот пазарен инспекторат до Економија се доставени 398 предмети за постапување, од кои 164 се од 2023, 152 од 2024 и 82 од 2025 година. Иако Прекршочната комисија е формирана во 2019 година, постапувањето по предметите започнува дури во 2022 година со формирање на нова комисија, забележале државните ревизори. А, лани во септември врз софтверот за прекршочни предмети е извршен неовластен таргетиран напад, што резултирало со целосно губење и неповратност на податоците.

Освен застарени предмети и неуплатени средства во државниот Буџет, детектирани се ИТ напади поради несоодветна заштита и исчезната документација, како и други неправилностите во работењето на Министерството за економија и труд.

Во извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеноста на Министерството за економија и трруд за 2024 година, утврдено е несоодветно постапување во процесирањето на прекршочните предмети, управувањето со јавните набавки, ИТ безбедноста и постапките за категоризација на угостителските објекти за сместување, наведуват од Државниот завод за ревизија,

„Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености кои влијаат на изразување на мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики на сметката на основен буџет 637 и мислење без резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеност на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива на сметката на основен буџет 631“, нотирале ревизорите.

Во однос на ИТ секторот ревизорите утврдиле дека функционира само со тројца од 12-те предвидени вработени. Освен тоа, не се донесени политики и процедури за информациска безбедност, нема назначено лице за информациска безбедност, ниту е изработена анализа на ИТ ризици. Иако е склучен договор за бекап-софтвер, не е дефинирано континуирано следење и доказ за исправност на резервните копии, а дополнителен ризик е и користењето на застарени оперативни системи без пропишани мерки за заштита.

„Непреземените мерки за обезбедување на информациска безбедност, довеле до тоа Министерството за економија и труд да биде предмет на таргетиран ИТ напад во септември 2024 година, што предизвикало недостапност на сите сервиси како што се меил адресите, веб серверот и дата базите. И покрај тоа што системите биле обновени по 37 дена преку резервни копии, дел од податоците, вклучувајќи ја и електронската евиденција на предмети од Правниот сектор, се неповратно изгубени“, истакнуваат од ДЗР.

Во делот на јавните набавки што се однесуваат за оградување парцели за изградба на фотонапонски електроцентрали, ревизорите откриле дека втората фаза, со договорна вредност од 420.667 евра не е реализирана, не е предвидена банкарска гаранција, ниту е склучен анекс за продолжување на рокот. Исто така, не се преземени правни мерки за наплата на договорни казни.

Недостатоци има и во процесот на издавање лиценци и категоризација на угостителските објекти, во спроведувањата на инспекциските надзори. „За утврдените состојби, ревизијата даде препораки за надминување на недостатоците и надлежните се задолжени да преземат соодветни мерки за нивна целосна имплементација“, се вели во извештајот на ДЗР

Клучни зборови

  • Државен завод за ревизија
  • Министерство за економија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk