Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Амансио Ортега, сопственик на Zara поседува недвижнини вредни 15,2 милијарди евра

8 јул. 2020 г.·2 мин читање·272 прегледи

Следете не на Viber

Амансио Ортега, Сопственикот на светскиот ланец на продавници Zara, се посвети на бизнисот со недвижнини, чија вредност е проценета на милијарди евра.

Според американското деловно списание Bloomberg, овој Шпанец поседува недвижнини, односно имот вреден 15,2 милијарди евра. Ортега поседува најголемо портфолио во споредба со другите европски богаташи.

Минатата година Ортега инвестирал 2,1 милијарди евра во разни видови недвижнини преку холдинг компанијата Pontegadea, во чија сопственост е  Zara Inditex SA. Во 2019 година Pontegadea имала нето приход во износ од 1,8 милијарди евра.

Ортега, кој е најбогат Шпанец, во Соединетите Американски Држави во последните неколку години инвестирал три милијарди долари во недвижен имот.

Во негова сопственост се атрактивни недвижнини во Менхетен и во Мајами. Минатата година, неговата инвестициска компанија се согласила на договор вреден 72,5 милиони долари за изградба на хотел во центарот на Чикаго. Тоа се случило откако тој купил зграда во една од централните деловни зони во Вашингтон и две деловни згради во Сиетл.

Bloomberg потсетува дека Ортега бил син на железнички работник. Сега има богатство од 58,5 милијарди долари. За време на пандемијата од коронавирус, неговото богатство се намалило кога бил принуден да затвори одредени продавници.

Акциите на неговата компанија оваа година паднаа за 22 проценти.

Клучни зборови

  • Амансио Ортега
  • недвижности
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk