Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Запознајте ја најмоќната жена на светот

17 дек. 2021 г.·2 мин читање·793 прегледи

Следете не на Viber

Магазинот Форбс ја објави листата на 100-те најмоќни жени во светот. На самиот врв првото место го зазеде Мекензи Скот (51), поранешната сопруга на милијардерот Џеф Безос (57).

Мекензи зад себе остави на листата познати жени како Камала Харис, Кристин Лагард, Мари Гару и Мелинда Гејтс.

Кога раскина со милијардерот Безос, Скот вети дека ќе подели добар дел од средствата што ги добила преку парницата за развод за хуманитарни цели, пишува Форбс.

„Имам непропорционална сума пари за споделување и ќе го правам тоа додека сефот не се испразни“, напиша таа во мај 2019 година, кога потпиша ветување за донација.

Поранешната сопруга на Безос и мајка на четири деца основала група против злоупотреба, а во 90-тите му помогнала на милијардерот да го основа Amazon. До разводот беше во сенка на сопругот, а веднаш потоа почна да планира како ќе сподели добар дел.

Според Форбс, Скот „тежи“ 57 милијарди долари и таа има поделено дури 8,9 милијарди долари на повеќе од 780 организации кои промовираат прашања за родовата еднаквост, расното право и јавното здравје.

Мекензи нема канцеларии и персонал кој работи за неа. Таа ги плаќа сите донации со помош на нејзиниот сопруг Ден, истражувач и советник на непрофитната консултантска компанија Bridgespan. Не постои одбор на директори, а бидејќи нејзините донации не одат преку добротворната организација, нема барања за известување.

Споредувајќи ги Скот и фондацијата Гејтс, која има речиси 1.800 вработени и заработила 5,8 милијарди долари грантови во 2020 година, поранешната сопруга на милијардерот поделила слична сума истата година.

Инаку, Мекензи ги дава своите донации „без ограничувања“, што значи дека организациите што ги примаат можат да ги користат како што им одговара, пишува Форбс.

Клучни зборови

  • Амазон
  • мекензи скот
  • најмоќна жена
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk