Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

Започна серијалот обуки „Од бројки до одлуки“: ИСОС ја зајакнува финансиската едукација за МСП со фокус на сметководствената практика

2 јун. 2025 г.·3 мин читање·2022 прегледи

Следете не на Viber

Финансиско планирање и контрола, управување со финансии, анализа и толкување на извештаи, донесување инвестициски одлуки, стратегии за финансирање, управување со ризици и ESG–известување се главните теми опфатени со обуката „Од бројки до одлуки“, која започна во Стопанската комора на Северна Македонија. Оваа обука е прва од ваков тип, наменета за малите и средни претпријатија (МСП) и сметководствени практики.

Програмата ја организира Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), во рамки на регионалниот проект на Центарот за реформа на финансиското известување при Групацијата на Светска банка. Преку интерактивна програма составена од пет модули, учесниците се оспособуваат за поефикасно финансиско планирање, донесување одлуки и справување со современите економски и регулаторни предизвици.

„Очекуваме овие обуки да придонесат кон зголемување на нивото на финансиска едукација кај малите и средни претпријатија. Особено ни е важно што преку нив се препознава клучната улога на сметководителот – не само како чувар на финансиската усогласеност и известување, туку и како стратешки партнер во управување со финансии, анализа на податоци и ублажување на финансиски ризици. Во услови на постојани економски турбуленции, сметководителот станува критичен фактор за стабилноста и одржливоста на бизнисот“, изјави Весна Прентоска, претседателка на ИСОС.

Обуката опфаќа теми како стратешко и тактичко планирање, буџетирање, модели и структури на финансирање, вреднување на инвестиции и усогласување со регулативите на Европската Унија. Учесниците добиваат практични знаења за подготовка на финансиски и ESG-планови, прилагодени на реалните предизвици со кои се соочуваат компаниите од МСП секторот.

Стопанската комора е партнер во реализацијата на обуката, а поддршката од Светска банка претставува силна потврда за важноста на темата. Малите и средните претпријатија, како двигатели на вработувањето и економскиот развој, мора да бидат подготвени за современите предизвици и барања од инвеститорите, банкарскиот сектор и регулаторите.

ИСОС и понатаму останува посветен на развојот на сметководствената професија, преку соработка, регионални и меѓународни партнерства и континуирана едукација.

Клучни зборови

  • ИСОС
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk