Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Започна едукативниот дел од Проектот „ОТВОРИ ОЧИ И СО ПАМЕТ! ВО СООБРАЌАЈОТ НЕ СИ САМ“

21 дек. 2023 г.·3 мин читање·982 прегледи

Следете не на Viber

Со презентација за учениците од основното и од средното училиште во Македонска Каменица, на возраст од 14 до 18 години, започна реализацијата на едукативната компонента од локалниот проект за подигнување на јавната свест и зголемување на безбедноста во сообраќајот, што е резултат на соработката меѓу Рудник САСА, Општина Македонска Каменица и Министерството за внатрешни работи.   

Целта на ваквите едукативни презентации кои ги спроведуваат вработени во Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи – Штип, е запознавање на младите жители од локалната заедница со сообраќајните правила и прописи, начинот на однесување и мерките што треба да ги преземат заради зголемување на својата и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Покрај за учениците, во рамки на овој проект ќе се одржат и едукативни работилници за вработените во Рудник САСА. Сите учесници во овие едукативни работилници ќе добијат и брошура која ги содржи основните правила, совети и препораки за безбедно однесување во сообраќајот.

Овој Проект е поттикнат од зголемениот број сообраќајни несреќи што се случија во изминатите неколку години во кои беа повредени или животот го загубија жители на Македонска Каменица. Имено, во изминатите нешто повеќе од пет години, на територијата на општина Македонска Каменица, во просек беа регистрирани речиси по две сообраќајни незгоди месечно и по една жртва годишно.

Инаку, реализацијата на Проектот започна на 19. Ноември – Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи, со информативна кампања под слоганот „Отвори очи и со памет! Во сообраќајот не си сам“.

Статистиката на Обединетите Нации покажува дека повредите во сообраќајот на патиштата ширум светот се водечка причина за смртност кај децата и младите на возраст од 5 до 29 години. Глобално, повеќе од 1,35 милиони луѓе годишно го губат животот во сообраќајни несреќи, а повеќе од половина од сите смртни случаи во сообраќајот се пешаци, велосипедисти и мотоциклисти.

Клучни зборови

  • Македонска Каменица
  • Отвори очи и со памет! Во сообраќајот не си сам
  • Рудник САСА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk