Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Запленетите 5 тони марихуана набавени во Македонија – Кој стои позади „Алфафарм“?

1 фев. 2026 г.·4 мин читање·4279 прегледи

Следете не на Viber

Иван Драгниќ, еден од четворицата сопственици на Друштвото за производство, промет, трговија и услуги „Алфафарм“, е притворен по големата акција на српската полиција во селото Коњух кај Крушевац, каде што откри и заплени пет тони марихуана. Дрогата е набавена токму од компанијата регистрирана во Македонија, со адреса во скопската општина Кисела Вода.

Српското Јавно обвинителство за организиран криминал соопшти дека е покрената истрага против петмина осомничени, меѓу кои се таткото и синот – Раде Спасојевиќ (68) и Небојша Спасојевиќ (40). Осомничени се и Александар Мијајловиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски, кои се товарат за неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги, пишуваат српските медиуми.

Клучен дел од истрагата е потеклото на запленетата марихуана. Според Јавното обвинителство за организиран криминал на Србија:

„Оваа организирана криминална група делувала во меѓународни рамки, така што од почетокот до крајот на јануари 2026 година, на територијата на Северна Македонија набавила пет тони марихуана“.

Осто така, Обвинителството наведува дека, според планот на организаторот, дрогата преку државната граница ја пренесувал осомничениот Иван Драгниќ, кој ја доставувал до складиште на семејството Спасојевиќ, од каде што, заради понатамошна продажба ја преземал Урош Младеновски.

Според Обвинителството, Александар Мијајловиќ, кој е организатор на криминалната група, се наоѓа во бегство. Предложено е по него да се распише и меѓународна потерница.

Останатите осомничени, како што се наведува во официјалното соопштение, на сослушувањето се бранеле со молчење.

Компанијата со седиште во Скопје и со целосен назив Alphapharm Group DOO Skopje, постои од  јули 2023 година. Основана е со основна главнина од 529.050 евра. Регистрирана е за одгледување и преработка на зачински, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба.

Косопственици на фирмата се Иван Драгниќ, Предраг Брковиќ, Роберт Живковиќ и Јована Мијаловиќ. Последново презиме е исто како и на личноста што се посочува како организатор.

Финансиските извештаи за работењето на „Алфафарм“, достапни на Бизнис Мрежа, покажуваат дека компанијата во 2024 година остварила драстичен пад на приходите, истовремено со нагло зголемување на расходите и на нето-загубата. Што можеби може да го предизвика вниманието на истражните органи кон можната злоупотреба на легално регистрираната дејност.

Конкретно, кај приходите е забележан пад од 77,89 отсто. Или во 2023 година приходите изнесувале 39,9 илјади евра, а во 2024 година – 8,8 илјади евра. Истовремено, трошоците се зголемиле за 142,47 насто, од 58,7 илјади на 142,3 илјади евра.

Уште во првата година од постоењето фирмата запишала загуба – од 18,8 илјади евра. Веќе во втората година таа „дупка“ се продлабочила за 610,65 насто, при што загубата достигнува 133,5 илјади евра.

На почетокот биле работно ангажирани четири лица, а потоа се вработени уште двајца. Тоа се одразило кај трошоците за вработените (+ 403,69 %), кај платите и надоместоците на плата (+ 398,79%).

Што се однесува до акцијата во Србија, се истакнува дека претставува историски удар врз организираниот криминал. Ја спроведе Управата за криминалистичка полиција, во координација со Јавното обвинителство за организиран криминал.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека станува збор за рекордна полициска заплена на наркотични дроги. Освен тоа, полицијата заплени и четири автоматски пушки, ракетен фрлач („золја“), опрема за пакување и поголема сума готовина што, според надлежните, укажува на високо ниво на организација и подготвеност за насилна заштита на криминалниот бизнис.

Српските власти најавуваат продолжување на истрагата со цел да се утврди целосната мрежа на набавка, транспорт и дистрибуција, како и евентуалната поврзаност на легални компании од регионот со организираниот криминал.

Клучни зборови

  • Алфафарм
  • заплена
  • марихуана
  • полициска акција
  • Србија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk