Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЗАПАЗЕНА ТРАДИЦИЈАТА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ СО ПРИЈАТЕЛИТЕ ОД СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА

25 дек. 2020 г.·3 мин читање·2713 прегледи

Следете не на Viber

Со целосно почитување на мерките за заштита на јавното здравје во услови на пандемија, “Мотоцентар“ во знак на новогодишните празници

Во рамки на програмата за социјално – одговорни активности, на крајот на оваа, по многу нешта специфична година, Компанијата “Мотоцентар“ успеа во околности на пандемија симболично да ја одбележи традиционалната новогодишна средба со Атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија.

Во духот и манирот на времето во кое функционираме, а понесени од нашата корпоративна премиса за поддршка и соработка со Атлетите и Специјалната Олимпијада на Македонија, како и со спортисти од нашата држава, воопшто, успеавме да допреме до нашите долгогодишни пријатели и на симболичен начин да дадеме придонес кон нивните залагања и успеси.

Оваа година “Мотоцентар“ направи избор на новогодишни подароци за секој член на Специјалната Олимпијада Македонија, за кои се потрудивме лично да бидат предадени, со почитување на мерките за заштита на јавното здравје во услови на пандемија со Ковид-19 вирусот.

“Изминатава година беше исклучително специфична и многу комплексна за сите нас. Секој на свој начин се соочи со голем број предизвици, како на деловен, така и на личен план. Во тој контекст ние во “Мотоцентар“ работевме и се трудевме сите услуги за нашите клиенти да ги адаптираме на ситуацијата, ставајќи фокус на здравјето на нашите вработени и клиенти на прво место. 2020 година ни посочи да ги видиме сите оние мали мигови, наши “традиции“, моменти во кои ги славиме нешта кои нѐ прават среќни. Затоа, иако спречени физички да се дружиме, ние во “Мотоцентар“ одлучивме да ја продолжиме традицијата на одбележување на новогодишните празници, овој пат на малку поинаков начин – согласно актуелните протоколи, да им ги доставиме подароците на Атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија во нивните домови“, изјави г-ѓа Моника Бошкоска, Маркетинг Директор на “Мотоцентар“.

“Навистина ми е драго што имаме вакви пријатели и поддржувачи како “Мотоцентар“. Особено, што во вакво време и прилики мислат на Атлетите Специјалната Олимпијада Македонија. Нивното внимание кон оваа ранлива категорија луѓе е од огромно значење и претставува инспирација и поддршка која нѐ води да чекориме напред. Да се бориме и да бидеме Шампони!“, потенцираше г-ѓа Ана Зафирова, Претставник на Специјалната Олимпијада Македонија.

Како компанија со традиција, покрај примарната дејност – продажба и третман на пневматици, безрезервно даваме придонес и за Општеството во кое опстојуваме повеќе од 25 години. Токму затоа, ваквите моменти значат навистина многу за целото семејство “Мотоцентар“. Затоа што насмевките на нашите најдраги се вистинско богатство.

Видеото може да го преземете и прегледате на овој линк.

Клучни зборови

  • Моника Бошкоска
  • Мотоцентар
  • традиција
  • честитка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk