Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Заменик-министерот за финансии Николоски во Стразбур на Пленарен состанок на Комитетот на Moneyval

22 мај 2023 г.·2 мин читање·598 прегледи

Следете не на Viber

Заменик-министерот за финансии Филип Николоски ја предводи делегацијата на РС Македонија која од денеска до 24 мај 2023 ќе учествува на 65-тиот пленарен состанок на Комитетот на Moneyval, што се одржува во Стразбур
На состанокот ќе се разгледа Нацрт-извештајот за евалуација на РС Македонија за системот, процес кој е започнат во декември 2021 година и се заокружува со усвојување на извештајот. На 24 мај, заменик-министерот Николоски, ќе има свое обраќање на 65-от Пленарен состанок.

Комитетот на Moneyval го спроведува 5-от круг на евалуација на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на нашата држава, со што ја оценува техничката усогласеност со препораките на ФАТФ, односно нашата правна и институционална рамка и ефикасноста на системот преку имплеменатција на законските надлежности и постигнатите резултати.

Moneyval Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам е мониторинг тело на Советот на Европа со 47 земји-членки, кoјшто поднесува извештаи директно до својот главен орган, Комитетот на министри на Советот на Европа. Задачата на Moneyval е да ја процени усогласеноста на земјите членки со меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот и ефективноста на нивното спроведување, како и да дава препораки до националните власти во однос на неопходните подобрувања на нивните системи.

Делегацијата на Пленарниот состанок во Стразбур ја сочинуваат претставници од релевантните институции вклучени во процесот, и тоа: Управа за финансиско разузнавање, Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Министерство за внатрешни работи, Народна Банка, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурување и Централен Регистар.

Клучни зборови

  • Moneyval
  • Заменик-министерот за финансии
  • комитет
  • Стразбур
  • Филип Николоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk