Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Заменик-министерот Николоски на средби во ММФ – Посветени сме на обезбедување фискална одржливост, стабилни јавни финансии и долгорочен раст

13 јул. 2023 г.·2 мин читање·644 прегледи

Следете не на Viber

Заменик министерот за финансии Филип Николоски, кој престојува во Вашингтон, оствари средби во Меѓународниот монетарен фонд со алтернативниот извршен директор  Лук Дресе и со шефот на мисијата на ММФ  Жак Миниан.

На средбата се разговараше за економските состојби и политики во земјава при што заменик-министерот Николоски ја потенцираше заложбата на Владата на РС Македонија за обезбедување долгорочна фискална одржливост.

„Само стабилни јавни финансии можат да обезбедат долгорочен раст и развој, насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните. Во наредниот среднорочен, петгодишен период продолжува определбата расходите да бидат во функција на остварување на стратешките приоритети, забрзување на економскиот раст, исполнување на интегративните процеси на Република Македонија за влез во ЕУ и обврските што произлегуваат од членството во НАТО“, истакна Николоски.

На средбата стана збор и за степенот на реализација на активностите од програмата за користење на Линијата за ликвидност и претпазливост (ПЛЛ), која  обезбедува ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики.

Заменик-министерот за финансии во рамки на престојот на Вашингтон ќе оствари средби и во Светската банка, каде ќе се сретне со  извршниот директор на СБ, Кун Давидсe директорот за човечки развој Мајкл Рутковски.

Клучни зборови

  • Вашингтон
  • заменик министер
  • Меѓународниот монетарен фонд
  • Филип Николоски
  • финансии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk