Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ЗАКОНОТ ВЕЛИ: Кој и да е гувернер во наредните седум години мора да ја заборави партијата

19 мај 2025 г.·3 мин читање·1942 прегледи

Следете не на Viber

Гувернерот на централната банка не смее да е член на политичка партија или на синдикат во текот на доделениот седумгодишен мандат. Освен со обврските што ги носи оваа извонредно значајна функција, може да се занимава со универзитетски или научно-истражувачки активности. Може и да има одреден ангажман во некоја меѓународна финансиска институција. Но, што подалеку од политиката. Ова е децидно наведено во членот 50 во кој се опфатени критериумите за избор за член на Советот на НБ од Законот за Народната банка на Македонија.

„Гувернерот и вицегувернерите на Народната банка се професионално ангажирани во Народната банка, не смеат да имаат друг работен ангажман без оглед дали за тоа добиваат надоместок или не, освен ангажман како универзитетски професор или ангажман во научноистражувачка институција, или времен ангажман во меѓународна финансиска институција, не смеат да бидат сопственици на капитал во финансиска институција во Република Северна Македонија и за време на мандатот не смеат да бидат членови на политичка партија или синдикат“, пишува во третиот став од членот 50.

Тоа е сосема разбирливо кога се знаат надлежностите на Народната банка и должностите на гувернерот. Меѓу кои клучните – стабилноста на денарот и стабилноста на банкарскиот систем. Гувернерот, како прв човек на институцијата, е нејзиното огледало, а има широки законски овластувања, но и обврски. И има комплетна одговорност за реализацијата на одлуките донесени во рамките на Советот на НБ, како и за контролата на управувањето и работењето на Народната банка. Воедно, релациите со Советот се двонасочни, па гувернерот редовно го известува ова тело за „спроведувањето на политиките, за прашањата поврзани со стабилноста на банкарскиот систем и за состојбата на пазарот на пари и девизните пазари, вклучувајќи ги сите настани и состојби што имале или се очекува да имаат значително влијание на работењето на Народната банка…“, вели меѓу другото ставот пет од членот 48.

Исто така, кога своевремено, по осамостојувањето, се носеш првиот законски текст што го регулира работењето на централната банка, седумгодишниот мандат се образложуваше како бариера пред евентуалните политички влијанија или упади. Или, да се избегне тоа што се случува на локално и на централно ниво – промени по хоризонтала и вертикала во сите државни институции по секоја смена на владејачките гарнитури.

Досега, со проблемите во монетарната сфера се справуваа петмина гувернери. Првиот, Борко Станоевски, беше последниот гувернер од југословенско време и првиот по самостојна Македонија, а се повлече во 1997 година. Потоа за гувернер беше именуван професорот Љубе Трпески (1997-2004). До 2011 со Народната банка управуваше Петар Гошев, а до 2018 година Димитар Богов. Последниве седум години, успешно – велат одделни поранешни министри за финансии и гувернери, со главната банкарска институција раководи гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска.

Во досегашната практика, и покрај законската можност, никој од носителите на функцијата не е реизбран. Сепак, името на Ангеловска-Бежоска е меѓу можните кандидати. Во конкуренција се некогашните министри за финансии во владите на Никола Груевски, Трајко Славески и Зоран Ставрески, а се споменува и Маја Кадиевска Војновиќ, која во времето на Богов беше вице-гувернерка.

На потег е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која се уште не може да донесе конечна одлука, иако тоа беше најавено за денес. Откако ќе размисли, предлогот за нов гувернер ќе го достави до Владата и до Собранието.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • закон за народна банка
  • избор
  • Народна банка
  • нов гувернер
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk