На крајот од минатата година во Вториот пензиски столб, односно во трите приватни задолжителни фондови: КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Триглав отворен задолжителен пензиски фонд, имало 3,1 милијардa евра, што е за 450 милиони евра повеќе отколку што изнесувало заедничкото инвестициско портфолио на 31.12.2024 година, покажуваат извештаите објавени на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).
Вториот пензиски столб почна да функционира со реформата на пензискиот систем во 2006 година, а на 31.12.2025 година броел 630.396 осигуреници. Од сите овие членови, дел од пензискиот придонес оди во фондот во кој имаат лична сметка. Стапката на пензискиот п…